fbpx
24.8 C
Skopje

Србија со големиот Егзит фестивал ќе ja симбoлизирa пoбeдaтa над Koвид-19

АКТУЕЛНО

Новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ, изјави дека, благодарение на големиот успех на Србија во масовната вакцинација, ЕГЗИТ (Exit) Фестивалот има можности да се одржи ова лето. Долго исчекуваната вест претставува клучна потврда дека големата прослава на 20-годишнината на ЕГЗИТ ќе биде одржана според планот – од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, со учество на некои од водечките светски ѕвезди, како што се Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Ерик Приц б2б Фоур Тет, Пол Калкбренер, Нина Кравиц, Борис Брејча, Пол ван Дајк, Соломун, Шек Вес, Сепултура, Метрономи, Хани Дижон и многу други.

„Одржувањето на Егзит ќе биде симбол на победата на Србија над пандемијата“ кажа градоначалникот Вучевиќ, кој е член на Националниот кризен штаб за борба против пандемијата и додаде дека „ЕГЗИТ е од огромно значење за туризмот и промоцијата на земјата“.

Како што тој објасни, влезот на фестивалот ќе им биде овозможен на сите кои се вакцинирани и на сите кои го прележале корона-вирусот. За сите останати посетители од земјата и светот ќе бидат овозможени брзи антигенски тестови по многу поволни цени, во посебно организирана зона во непосредна близина на фестивалските капии.

Влезот во Србија уште сега им е веќе дозволен на странците, додека пак до јуни се очекува и дека ќе биде целосно укинат задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата. Сите детали поврзани со влезот во земјата и на Фестивалот ќе бидат навремено објавени на официјалниот сајт на ЕГЗИТ во склад со идните актуелни мерки пропишани од страна на Владата на Република Србија.
Извор: ТВ21

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -