fbpx
-2.9 C
Skopje

Офшорните шеми објавени во Paradise papers

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

13,4 милиони тајни документи се појавија во новинарска истрага насловена Paradise Papers – поголемиот дел од податоците и припаѓаат на правната компанија Appleby и откриваат нови податоци за офшор активностите на политички лидери, лобисти и компании од целиот свет – како Apple, Nike, Uber и други.

Документите покажуваат дека дури и средствата од личното богатство на британската кралица Елизабета II се вложени тајно во офшорните даночни раеви.

Американскиот државен секретар Вилбер Рос, наводно, поседува офшор компанија која тргува со руски државјани кои се објект на санкции од страна на САД.

Податоците откриваат дека клучен советник на премиерот на Канада Џастин Трудо – Стивен Бронфман – е поврзан со офшор шеми кои може би ја оштетиле државата со неколку милиони долари поради неплатени даноци. Во истото време, Трудо водеше кампања за запирање на офшорните зони.

Според документите, 13 милиони долари од личното богатство на кралицата Елизабета II се вложуваат во фирми регистрирани на Кајманските Острови и Бермудите. Придонесите се направени во име на Војводството Ланкастер, што ги обезбедува личните приходи на кралицата и управува со нејзиното лично богатство во висина од 500 милиони фунти.

BBC наведува дека нема ништо нелегално во трансакциите и нема податоци Кралицата да направила евазија, но сепак останува прашањето колку морално е монархот да инвестира во вакви шеми.

Paradise Papers ја откриваат и врската помеѓу министерот за трговија на САД Вилбур Рос и двајца руски државјани кои се објект на санкции – гасниот магнат Генадиј Тимченко и Леонид Михелсон.

Документите покажуваат дека Рос е акционер во бродската компанија Navigator Holdings, регистрирана на Кајманските острови. Еден од најголемите клиенти на Navigator е SIBUR – руска нафтена компанија, чии акционери се Тимченко, Микелсон и Кирил Шамалов. Шамалов е сопруг на Екатерина Тихонова, ќерка на рускиот претседател Владимир Путин. Микелсон е сопственик на најголемата руска приватна гасна компанија, Новатек, а во 2016 година Форбс е прогласен за најбогат русин со богатство од 14,4 милијарди долари.

Компанијата на Рос добила приходи од 68 милиони долари од 2014 година, само од својот бизнис со рускиот СИБУР.

Овие информации се појавуваат во време кога Доналд Трамп е под сериозен притисок поради американската специјална истрага за врските на членовите на неговиот изборен штаб со руската влада.

Меѓу останатите политичари и државници од Paradise Papers се гледаат имињата на кралицата Нур на Јордан, која е наведена како корисник на два брода на островот Џерси, министерот за надворешни работи на Уганда Сем Кутеса; Бразилскиот министер за финансии, Енрике де Кампус Меирелс; литванскиот европратеник Антанас Гуга и други.

Документите откриваат уште, детали за животот на некои познати личности: Мадона поседува удели во компанија за медицински потрошен материјал, пејачот на U2 Боно е впишан со името Пол Хјусон како сопственик на малтешка компанија што купила трговски центар во Литванија.

Поранешен началник на Генералштабот на НАТО во Европа, генералот Весли Кларк, е генерален директор на компанија за онлајн обложување , која работи со офшор подизведувачи.

Поголемиот дел од податоците во Paradise Papers доаѓа од Appleby, правен брокер во Бермудите, кој им помага на своите клиенти да изградат свои компании со нула или многу ниски даночни стапки.

Документите се објавени од страна на новинарите во германскиот весник Zyddoyce Zeitung. Нема информации за тоа кој е изворот. Ова е најголемата база на доверливи податоци по Panama Papers од 2015 година

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

AМЕРИКАНСKАТA ВОЈСKА НА НОЗЕ : Се очекуваат протести од вooружени приврзаници на Трамп(ФОТО

НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ Сите 50 држави во САД и областа Колумбија се во состојба на итен повик викендов поради можни насилни...

СИТЕ ПРИСУТНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ ЕВАКУИРАНИ: Причината следна

Неколку сектори на аеродромот се затворени поради постапката на полицијата, која побарала од граѓаните да не ги споделуваат снимките од овој настан на социјалните...

Сooбраkajka во Скопје: При судир на два автомобили на ул Јадранска магистрала со тешkи повреди се здобила скопјанka

Најнови вести: Пропаднавме во бездна: Замрзнати лица, очаен пораз на Маkедонија Најново: Еве во кој град е најстудено денес во Македонија Во продолжение веста Скопјанка се здобила...

Булеварко за одбојкарите: Дечките покажаа што значи национален дрес, што значи Македонија

Ако се вратиме наназад 7,8 години ќе се потсетиме дека истиве овие момци гостуваа на низ европа кој како ќе се снајде. Автобуси, коли,...

Апасиев се огласи за пописот: Очекува дека процентот на Албанци ќе изнесува 28,4 отсто

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, смета дека застапеноста на етничката заедница на Албанците во Македонија на пописот на населението што ќе се организира во...
- Advertisement -