fbpx
15 C
Skopje

Огнен Јанески: Девојчињата и жените нема што неkому да полагаат сметkи за својата приватност

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Фејсбук статус на Огнен Јанески

Оваа држава отсекогаш функционирала во полза на криминалците, на девијантните, на опасните, наместо да се грижи за жртвите, за повредените и за угнетените. За време на повредата или опасноста од повреда, но и пост настаните, јок, нема систем за заштита.

МВР си се пере себеси, барајќи од жртвите на ,,Јавна соба” да си пријавеле, а кога ќе пријават добиваат одговори за немање надлежност доволна или, пак, некои советчиња од типот ,,Секое чудо за три дена.”.

Своевремено, поради новинарско известување и граѓански активизам кога во даден последователен период од неколку дена бев бомбардиран со закани за убиство по мене и моето семејство – сосе адреси, регистерски таблички на коли и фотки од мене виден во тоа и тоа маало, пријавив, при што ми беше кажано да си поседам дома, да препаркирам возило некаде и како и секое чудо, ќе поминело за три дена. Не дека немам сè уште (иако повремено) или сум немал претходно, но, ова беше вон ,,вообичаеното”.

Видов-невидов, го сторив тоа. Помина чудото, а ботовите и троловите со смален интензитет продолжија, а јас сам се справив и сè уште се справувам со повремените стравови, но, на насилниците никому ништо. Тие продолжија да го прават истото и кон сите други кои кренале глас приватно или професионално против нешто или некого.

Оваа држава негува насилство, негува корупција, негува криминал. Останатите – кои не се во ничија шема, не се заштитени, а особено доколку се држат на страна од партиските кругови, е тогаш е најтешкиот проблем.

Случајот ,,Јавна соба” е најодвратниот психолошко-криминоген проблем на нашата заедница.

Девојчињата и жените нема што некому да полагаат сметки за својата приватност. И да – ПРИВАТНОСТ е клучниот дел. Тоа што некој одлучил да положи доверба во некого и да се соблече онлајн е исто како кога вие одлучувате физички да се соблечете пред некого, а притоа не знаете дека ве снимаат од некое ќоше на собата и потоа тоа се раздава како порнографски материјал, а впрочем е интимен чин на доверба меѓу луѓе. И ве молам, пред да раздавате коментари со осуди кон жените и девојчињата, размислете кога сте дале некому интимна доверба и притоа ви била злоупотребена, па макар и трачарски да сте биле оговарани во друштва и сте биле повредени.

Институциите мора да препознаат насилство и злоупотреба на жртвите и тоа соодветно да го гонат. И да се спроведен законот и да се одговара. Мора. Не немаме надлежност, туку мора. И нема потреба од европско знаменце за ваква работа. Има потреба од солидарност, поддршка, спроведување закон! Сега и веднаш.

Правда за девојчињата и жените малтретирани онлајн! Поддршка за сите кои јавно проговориле! Тоа е храброст! Тоа е гордост!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...
- Advertisement -