11.8 C
Skopje

Огнен Јанески распали по Владата: Земете тоа тефтерчето на Гоца, полабавко ќе ви биде одлучувањето кој да прави реформи

АКТУЕЛНО

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу...

Видете вака Влада на Република Македонија, ич не мора да ги воскреснувате, прибирате, ангажирате или оставате главните пуленски кадри на ВМРО-ДПМНЕ да работат на реформите во оваа држава. Некако, преку многу разни чекори, посочувате на тоа дека можете и самите да го врвите истиот пат во системот кој оваа партија го воспостави низ изминатите 11 години. За волја на вистината, не е дека немате разлики и подобрување, но, благодарение на транспарентноста, на површина излегуваат ниските страсти на поединци. Сепак, нам граѓаните – стравот лозјето ни го чува, па затоа:
Ич не мора да се секирате за Македонската Радио-Телевизија и реформите кои мора да се направат во неа, зашто – ете, супер си функционираше додека не објавуваше ниту секвенци од т.н. „бомби на опозицијата“ (кога впрочем бевте во опозиција). Не мора да се секирате што Стојанче Ангелов и уште 5.000 лица вриштеа пред МРТВ кога се криеше вистината од страна на јавниот сервис, или кога за овој национален радиодифузер не постоеше никаков студентски марш, или средношколски марш, или какви и да се автономни зони на Универзитетот, кои се случуваа баш спроти зградата на МРТВ. А и што ќе се секирате, барем ќе знаете дека ќе има каде да бидете згрижени како гости во емисии, ако почнете (а имаше неколку случаи досега) да одбивате да гостувате по другите телевизии.
Понатаму, ве молам, не деранжирајте се ич поради начинот на распределба на средствата за годишната програма на Министерството за култура. Глупости – та зарем се поважни и позначајни Стефановски, Тавитјан и Бојаџиев од тинејџерот Максути, кој има таква импозантна кариера зад себе?
Се разбира, порано кога Јанкулоска ќе речеше: „Согласно законот…“ така и беше, нели? Па така и сега, согласно законот е во ред членови и претседатели на комисиите за доделување на народните пари да си доделуваат меѓу себе финансиски поддршки. Што има тука да се размислува за моралот и етиката? Кокаланов, ти си смотан што имаш морал и етика.
Дополнително, што има да се грижите за реформите во судството? Прекрасно е! Секому според заслугите – како во комунизмот. Земете тоа тефтерчето на Гоца, полабавко ќе ви биде одлучувањето кој да прави реформи.
За гаењето на новите генерации и за спроведувањето на сеопфатната стратегија во образованието, побарајте си го Тодоров, иако сигурно Филипче ќе си го земе за посебен советник во здравството. Експерт си е експерт – зарем не? Особено во делот на деталното познавање на мајките и на тие што ќе бидат, по однос на вина.
Впрочем. баш поради толкавото познавање, што ќе ни се сеопфатно сексуално образование, родово образование и слични ми ти тракатанци? Сешто.
За луѓево што ги изнесоа „бомбите“ на виделина, видете да не има некоја работа за хигиеничари. Да не седат по дома туку-така.
Со идентитетот до каде сме? Еве, го слушам #Ж има што да каже на темата, и тоа кога му гори под нозе во судница, па земете ги со Антонијо, нека се позанимаваат со прашањето.
За пратениците нема потреба да се зборува, зашто секако честопати тастерите автоматски им се приспособени сами да гласаат за нив. Баш така лабаво. Исто и со изборниот систем – супер си е ваков каков што е. All good baby!

И да, продолжете со максимата „За време на владеењето на ДПМНЕ…“ – тоа е сосема ново нешто. Баш не сме го виделе досега во слична форма претходно, како на пример: „Кога СДСМ беше на власт…“

Само лабаво дечки, без брзање – покроце, секој ќе си се врати каде што си бил. Ама да нема каење после. Џабе тапаните по свадбите. 😉

P.S. Еве, јас и понатаму сум бил соросоид, пе*ер, ситнач на отпорот, ѓубре, платеник, предавник, кој порано беше прогонуван, а сега сатанизиран. Ама, пак, да ви кажам искрено – мене вистина ми е полабаво, отколку вам, туку вие кон каде терате? Никој не рече дека ќе биде лесно, но, и никој не очекуваше да се избере полесниот пат во одредени сфери. Пат, кој веќе го знаевме. Пат, кој не сакаме да го одиме.

ФБ СТАТУС НА ОГНЕН ЈАНЕСКИ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мистериозен млад човек ја разбранува јавноста: Среде литургија го извади мобилниот – што се обидуваше да направи (фото)

За време на целата литургија, погреб и церемонија одржана во чест и во името на патријархот Иринеј, граѓаните на Србија имаа можностда видат мало,...

Со вградување на плин се оштетува моторот на aвтомобилот?

Со цел да се намалат средствата кои ги даваме за користење на автомобилот, често кај нас граѓаните се одлучуваат за вградување на плин во...

СРУШЕНИ ЦРНИ РЕКОРДИ: Нови 5.067 лица се новозаразени, 38 пациенти почиnaa, се поголем број пациенти на респиратори во Србија (Фото)

Во последните 24 часа во соседна Србија се тестирани над 15.000 граѓани од кои дури 5.067 лица се позитивни на Ковид-19. Нажалост почиnале дури...

Министерството ги сподели резултатите: Проверете дали сте добитник на парична помош за стипендиите за средношколци

Министерството за образование и наука објави резултати од неколку конкурси за доделување стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во земјава за...

Јоци: Kој сè ќе му забие ножиња на Мицкоски

Кој сè ќе му ,,забие" ножиња на Мицкоски, кој нема никаква контрола врз партијата? Амбиции има #Николоски, најблиску е до тронот, а мора...
- Advertisement -