fbpx
24.8 C
Skopje

Ограбена нова црква, сега „Св.Петар и Павле“

АКТУЕЛНО

Верските објекти, поточно црквите ширум Македонија и понатаму продолжуваат да бидат мета на криминалците. Откако пред една седмица во регионот на кочанско од манастир беа украдени два камбани, во текот на изминатата ноќ била извршена кражба и во црква во гостиварско.

Во периодот од 14.30 часот на 28.01.2017 до 07.30 часот на 29.01.2017 година во црквата „Св.Петар и Павле“ во с.Долна Бањица, гостиварско, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот влегол во црквата и одзел 2.500 денари.

Според информациите увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -