Мараја Кери доби „скромна сума“ од 2,5 милиони фунти, а Елтон Џон 1 милион, за да пеат на свадбата на внуката на рускиот олигарх Валериј Коган, пренесува „Деили Меили“.
Раскошна прослава во чест на 19 годишната Ирина и нејзиниот сопруг, англичанецот, Дениел Конвеј, се одржа во неделата во луксузен лондонски хотел.
За да ги поздрави и да им го честита бракот на младоженците со неколку свои настапи, Мараја Кери била донесена со приватен авион од САД.
Сер Елтон Џон пак пееше серија од цели 12 свои хитови.
Говор на свадбата пак одржал актерот Антонио Бандерас.
Невестата го рекла судбинското „Да“ во фустан на британска модна куќа, чии клиенти се Анџелина Џоли и Бијонсе. Цените на моделите на познатите дизајнери стигнуваат до 500.000 долари.
Пред две години богатиот дедо на невестата го заземаше 41. место на листата на 200 најбогати Руси со богатство од 2,4 милијарди долари. Неговиот бизнис е поврзан главно со транспортот и комуникациите.
65-годишниот олигарх е роден во денешна Украина, но е државјанин на Русија.