fbpx
28.8 C
Skopje

ОН има итна потреба од 4,4 милијарди долари за да спречи хуманитарна катастрофа во Јемен, Нигерија, Сомалија и Јужен Судан.

АКТУЕЛНО

Генералениот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вели дека ОН има итна потреба од 4,4 милијарди долари за да спречи хуманитарна катастрофа во Јемен, Нигерија, Сомалија и Јужен Судан.

Гутереш наведе дека е неопходно тие пари да се соберат до крајот на идниот месец.

„Над 5,6 милијарди долари се потребни за хуманитарни операции во тие четири држави во оваа година. До крајот на март треба да се соберат 4,4 милиајрди долари за да спречиме хуманитарна катастрофа“, изјави Гутереш.

Засега се собрани само 90 милиони долари односно околу 2 отсто од неопходната сума.

Помошта е потребна за над 20 милиони луѓе во Јемен, Сомалија, Јужен Судан и североисточниот дел од Нигерија, според информации на ОН.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -