fbpx
16 C
Skopje

Опозицијата во Албанија бара заминување на Рама

АКТУЕЛНО

Предводникот на најголемата опозициска партија во Албанија, Љуљзим Баша преку медиумите побара актуелниот премиер на државата Еди Рама да поднесе оставка.

Во Албанија има протести против актуелната влада, а Баша му порача на Рама да се откаже од својата функција, во спротивно би можел да заврши како Мусолини.

„Рама мора да биде свесен и да знае дека овој протест е за да го спасиме него. Но, доколку не поднесе оставка ќе заврши како италијанскиот диктатор Мусoлини“, порача Баша.

Баша исто така порача и дека демонстрантите се мисионери на мирот, затоа што сакаат само да ја намалат маскималната цена на заминување на Рама од земјата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -