Со содржината на писмата на Салах Абдеслам е запознаен весникот Libération, кој најави дека во серија ќе ги објави факсимилите и текстот од преписката.
Според весникот, на името на Абдеслм во затвор доаѓале огромен број писма, но затвореникот одговарал само на една жена., чиешто последно писмо било адресирано од поштенска филијала од Брегот на слоновата коска.
„Ме интересираат мотивите за твојата постапка, за да бидам сигурен дека ме сакаш не како ’ѕвезда или идол’, бидејќи добивам такви писма, но не се согласувам со нив, всушност единствениот кој заслужува да биде предмет на обожување е Алах“, цитира AFP дел од преписката којашто подоцна ќе биде објавено.
Притоа се истакнува дека текстот од преписката содржи бројни правописни греши.
Салах Абдеслам беше уапсен на 18-ти март во бриселската имигрантска општина Моленбек во текот на рацијата на белгиската полиција за откривање на осомничените и извршителите на терористичкиот напад во Брисел од март минатата година.
По екстрадицијата од Белгија во Франција на 27-ми април, Абдеслам е ставен во самица во затворот „Флери-Мерожи“, во парискиот регион, под 24-часовен видеонадзор.
Вечерта на 13-ти ноември 2015 година три координирани терористички рупи извршија серија напади на терасите од локали и во концертната сала „Батаклан“ во Париз и пред фудбалскиот стадион во предградието Сен Дени. Во масакрот беа убиени 130 луѓе, а повеќе од 350 беа ранети.