fbpx
13.8 C
Skopje

Организиран криминал на Балканот: Препродавале тони расипано месо од Бразил

АКТУЕЛНО

Српската полиција уапси организирана група криминалци, кои препродавале расипано месо од Бразил. Уапсени се седум лица, под сомневање дека препродале 31 тон расипано место и месни преработки од Бразил.

Полицијата од Јагодина и Ужице уапси седум лица за злоупотреба на службената положба.

Тие од јуни до август годинава набавиле 31 тон расипано месо и месни преработки од Бразил со истечен рок на траење. Потоа месото им го продале на разни компании , кои се занимаваат со продажба и преработка на месо.

На оваа акција и претходеше заплена на 23 тони месо во Јагодина на 11 август , кое влегло во Србија преку Косово.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -