fbpx
2.8 C
Skopje

Орце Гелевски: Ова со Ирена ми беше животна лекција, оставив зад себе сопруга и две деца

АКТУЕЛНО

-Нема потреба да се крие вистината, по цели 12 години ставивме крај на врската со Ирена. Никогаш не сум сакал премногу да се експонирам по медиуми, но ете, овој период за жал сум актуелен во многу портали – вака ја започна својата приказна ТВ водителот, уредник на забавна програма во МРТ и поранешен уметнички директор на Фолк фест Валандово, Орце Гелевски.

Со фолк пејачката Ирена Спасовска долги години важеа за еден од најстабилните парови на сцената, и веста за нивниот прекин ја изненади јавноста. Вели дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило, и го сфаќа интересот на јавноста за приватноста на јавните личности.

-Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше. Ова ми беше животна лекција која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема. Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција – раскажува водителот, кој моментално е актуелен со емисијата Фолк џубокс на МРТ.

Додава дека не е човек кој што сака да биде во центарот на вниманието, и како е вознемирен од сите шпекулации поврзани со неговиот приватен живот.

-Не само јас, туку и моето семејство се вознемирува од разните пишувања во врска со мојата приватност. Пред извесно време имавме семејна веселба, на која присуствуваше и мојата поранешна сопруга, мајката на моите синови, и веднаш почнаа приказните дека сум се вратил кај неа. Сакам остро да го демантирам тоа. Ние двајцата имаме деца, внука, нормално е дека заедно присуствуваме на семејни средби, и секако дека сме во коректни односи, како што доликува за двајца цивилизирани и возрасни луѓе. Ова беше еден лош период кој го оставам зад себе и се надевам дека јавноста ќе има разбирање и ќе ја почитува мојата приватност – ни изјави Гелевски.

И Ирена Спасовска во разговор за ,,Фокус” вели дека со Орце го продолжуваат животот, секој на своја страна. Додава дека изминатиот период и бил полн со разочарувања, како за неа, така и за нејзиното дете, родители и пријатели, но сепак собрала сили и се вратила на своите редовни обврски, на настапите и снимањата.

-Жал ми е што се најдовме во центарот на вниманието за една ваква тема, или попрво би рекла недоразбирање. Приказните за трета личност во нашата врска воопшто не се вистинити, а мене најмногу ме повреди тоа што Орце не ме заштити од сите напади, лажни обвинувања и пишувања во медиумите. Очекував тој како маж да ме заштити, да не дозволи некој да си игра со мојата чест и да се објавуваат невистини. Поради мојата професија, јас сум во контакт со многу луѓе, колеги, музичари, настапуваме заедно. На оваа возраст, по сите години минати на естрадата, јас не можам да се правдам и да објаснувам што било, а што е само шпекулација. Треба да се има доверба. Орце е добар човек, и мислам дека токму поради таа негова добрина тој не успеа да одговори на нападите врз мене, да ги спречи. Само јас си ја знам вистината, и мене дури и зборот неверство ми звучи грдо и не сакам да се спомнува. Но, овие лоши случувања се зад мене, продолжувам напред сама, периодов ме очекуваат многу настапи и турнеји, посветена сум на кариерата – раскажува Спасовска.

Додава дека и пред седум години се нашла на мета на напади поради судски спор на Гелевски со нејзина колешка, и не по своја вина повторно ги полнела страниците во медиумите. -Имавме една неубава случка и во минатото, Орце имаше некој спор со фолк пејачка, нешто што воопшто не беше поврзано со мене. И тогаш јас се најдов на удар, се пишуваа многу нешта за мене, а тој потфрли во својата заштита кон мене. Многу ми е жал што тој како маж дозволи моето име да се злоупотребува, очекував да бидам заштитена. Но, тоа веќе е минато, јас свикнав да се борам сама во животот – ни изјави Ирена.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -