Пред околу еден час Максим Димитриевски објави дека е позитивен на корона вирусот, а вчера во посета на Куманово беше беше вицепремиерот Бујар Османи.
Османи се огласи и истакна дека наместо на средба на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, тој ќе остане во самоизолација.
По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово и покрај тоа што цело време бев со лична заштита, маска и ракавици, за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно.
Бидете здрави!