fbpx
25.8 C
Skopje

Османи во Атина на средби со Коѕијас

АКТУЕЛНО

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во посета на Атина, каде што ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Од  секретаријатот за европски прашања при македонската влада и грчкото МНР велат дека на средбите ќе се разговара за прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија и теми од заеднички интерес.

Во пресрет на посетата на Грција, министерот Османи во интервју за независната балканска новинска агенција-ИБНА, изјави дека таа е во насока на градење на довербата меѓу Скопје и Атина дека само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.

Грчките медиуми пак посетата на Османи ја коментираат како прва точка од јануарските предвидени активности околу прашањето со името.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -