fbpx
29.8 C
Skopje

Осмомартовски марш за правата на жените!

АКТУЕЛНО

Платформата за родова еднаквост во која членуваат 22 организации, организираше Осмомартовски марш со цел да се означи денешниот празник и неговата цел.

Тие маршираа од споменикот Филип Втори до „Жена парк“ извикувајќи Нејќам тава, сакам права“ и „Нејќам цвеќе, сакам плата“.

„Ние сме многу далеку од рамноправна позиција во ова општество, тоа е покажано во сите меѓународни извештаи и во извештаите на граѓанските здруженија. Жената не е еднаква на работното место, жената не е еднаква во домот, жената нема еднаков пристап до здравствена заштита, нема еднаков пристап до образование како останатите членови на ова општество. Затоа денес ние сме собрани да го означиме овој ден, но и да започнеме многу по активна борба за нашите права“, вели Биљана Гинова.

Според нив ова не е ден на „понежниот пол“ и не е ден на цвеќиња и парфеми додека жената како што велат тие се чува затворена во некоја визба со лоши работнички права, со лоши социо-економски услови и воопшто со лоша политичка застапеност.

Тие со маршот сакаат да ја покажат својата загриженост за женски права во државата, родовиот јаз во платите, највисока доеничка смрт во Европа, како и зголемената економска неактивност на жените.

На маршот свое учевство зеде и британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -