fbpx
18 C
Skopje

Основачот на Amazon, Џеф Безос стана втор најбогат човек во светот

АКТУЕЛНО

Прашајте било кого, кој е најбогатиот човек во светот и без двоумење ќе ви одговорат дека тоа е Бил Гејтс. Тој ја држи првата позиција на листата на најбогати луѓе во светот 18 од последниве 23 години, а ситуацијата не изгледа дека ќе се промени во блиска иднина.

Меѓутоа, рангирањето значително се промени од второто место па надолу, па сега уште еден гигант на технолошката индустрија го зазеде второто место.

Според последниот извештај на „Bloomberg“, основачот на Amazon, Џеф Безос го замени Ворен Бафет на втората позиција минатата среда. Причината е во растот на акциите на Amazon на 18, 32 долари што додаде околу 1,5 милијарда долари на сметката на Безос, правејќи богатство од вкупно 75,6 милијарда долари. Ворен Бафет моментално поседува богатство од 74,9 милијарда долари. Ова е доволно близу за позициите повторно да се променат, но загубите на Бафет се се’ почести, додека богатството на Безос расте.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -