fbpx
30.8 C
Skopje

Осум членови на авганистанската полиција убиени од свои колеги

АКТУЕЛНО

Како што пренесуваат американските медиуми, кои се повикуваат на изјава на портпаролот на гувернерот на јужната провинција Забул, најмалку осум членови на авганистанските сили за безбедност се убиени од страна на двајца свои колеги.

Откако го извршиле нападот, полицајците кои пукале против своите колеги, избегале, земајќи го со себе сето оружје и муниција, како и возилото од полициската станица во регионот Шинхај.

Во моментов во тек е истрага со која треба да се разјаснат причините за инцидентот и да се утврди дали двајцата напаѓачи се поврзани со талибанците или со други бунтовнички групи.

Според член на локалниот провинциски совет, цитиран од ДПА, двајцата веќе се наоѓаат кај талибанците и се чини дека и претходно имале врска со нив.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -