fbpx
22.8 C
Skopje

Осум години одеше со конзерви: Трагична судбина на мало девојче (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Неверојатната желба за опстанок го одбележа животот на малата Маја Meрхи родена без нозе. За неа и нејзиното семејство овој физички недостаток не беше несовладлива пречка, но предизвик. И можност за нејзиниот татко да го реализира својот сон.

8-годишната Маја во бегалскиот камп во северниот дел на Сирија одеше благодарение на протези направени од страна на нејзиниот татко од конзерви од туна. А неколку случајни слики кои се должат на социјалните мрежи го обиколија светот и го донесоа девојчето во Турција, каде што конечно ги доби своите „вистински” нозе.

Нејзиниот татко Мохамед Mерхи, кој страда од истото пореметување, состојба наречена вродена ампутација, побегнал од Алепо со неговата жена и шест деца и нашле прибежиште во логорот во Идлиб. Животната ситуација за него и за неговото семејство беше особено тешко за нивните деца, особено за Маја. Како и нејзиниот татко, таа едвај можела да лази, пишува Њујорк пост.

„Таа не можеше да оди, па моравме да направиме нешто за да ја заштитиме од земјата“, изјави тој осврнувајќи се на импровизираните нозе направени од различни цевки и стари конзерви од туна.

Лекарите веруваат дека девојчето ќе биде во можност целосно да оди со користење на протетските нозе, благодарение на големата решителност на нејзиниот татко. Неговите протези, рачно изработени, се оние со кои всушност, девјчето научи да оди, и со тоа ја олесни работата на лекарите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -