fbpx
14.8 C
Skopje

Отец Гаврил: Што е животот овде на земјата?

АКТУЕЛНО

Вчера ми почина една блиска личност. Млада. Завчера ми замина едно пријателче од детство. Прекрасно дете. И уште еден друг близок пријател. Друга блиска личност, болна и пред заминување е…

Има ли крај?

А еден ден и ние ќе заминеме од овој свет. Што е, значи, животот овде на земјата освен само една попатна станица до последната која не е од овој свет и подготовка за животот таму?

Зашто толку се бориме за овде, богатство, слава, позиции…,а ништо нема да понесеме со себе? Таму нема ништо од тоа. Зошто толку омраза, завист, опструкција…? Си ги вадиме очите за овдешни нешта кои ништо не вредат!

Затоа,

Каде е страсната приврзаност кон светот? Каде е копнежот за привременото? Каде е сега богатството? Каде е мноштвото на вревата на луѓето? Каде е сега славата?

Се е прав. Се е сенка. Се е сон.

Но дојдете да извикаме кон бесмртниот Цар: Господи, упокој ги за вечните Твои блага преселените од нас, упокојувајки ги во вечното Твое блаженство, а на живите дај им здравје и разум да те познаат Тебе како единствен Бог и Спасител на нашите души и тела.

Статус на Отец Гаврил

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -