fbpx
24.8 C
Skopje

Откако беше дисквалификувана Вања, сега нова натпреварувачка ги напушта ,,Ѕвездите на Гранд”

АКТУЕЛНО

Откако полека почна да се симнува бурата предизвикана од дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ, која ради лошиот однос со Јелена Карлеуша и жирито го напушти натпреварувањето, овој пат друга натпреварувачка ги напушта ,,Ѕвездите на Гранд”.

Натпреварувачката во шоуто, Стела Раде, откри дека го напушта натпреварувањето. Таа на својот канал на „ЈуТјуб“ даде и објаснување зошто не е подготвена за понатамошна борба во оваа шоу програма.

“Се откажав од ,,Ѕвездите на Гранд”. Немам ништо против продукцијата, напротив, беше убаво, уживав, беше убаво искуство за мене. Научив и станав свесна за многу работи, а исто така сфатив дека ова не е мое патека. “, рече Стела во видеото и продолжи:

“Не сакам да потпишам договор со Гранд. Отворам свое студио и продукциска куќа. Работам со мојот дечко на песна што наскоро ќе ја објавам. Решивме да одиме подолг и потеѓок начин затоа што не сакам мојата кариера да биде изградена врз база на трачеви “.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -