fbpx
6.8 C
Skopje

Откако пратеничка на СДСМ влезе со скафандер во Собрание, се огласи Мицкоски: Претседателе Пендаровски, бекни нешто

АКТУЕЛНО

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски

Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница.

Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство.

Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен.

По цело претпладне исполнето со прес-конференции, Собранието попладнево ги изгласа антикризните закони кои беа на дневен ред на 36-та седница
Претходно со двајца пратеници со ковид кои беа сместени во посебни кабини, беа изгласани и триесетина закони кои беа дел од 32-та седница, за кој опозицијата не сакаше да направи кворум
Собранието за половина час ги изгласа трите закони кои се од петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од ковид-кризата.

Едногласно со 113, односно 115 гласа „за“ поминаа Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -