fbpx
-6 C
Skopje

Откријте се’ или ништо!

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

„Прво скокни, па речи оп“  -стара македонска поговорка

Постојат индиции за сомнеж за можни информации за наводен криминал… Вака некако звучат некои функционери деновиве во своите јавни настапи кога зборуваат за откритијата што им станале достапни откако седнале во фотелјите, а се однесуваат на злоупотреби од нивните претходници. Политичката коректност манифестирана во јасното воздржување и правно внимателно избирање на соодветни термини, веројатно би можела дури и да се поздрави, доколку не се работи за алармантни случаи и досега можеби најстрашни информации не само за парични злоупотреби, туку и за злочини со кои директно се удирало по здравјето на луѓето.

Две се приказните од коишто македонските граѓани останаа шокирани и исплашени. Тие и двете одамна се вртат во јавноста преку откритија на новинарите или на некои пониски функционери, но овојпат сомнежите ги потврдија високи претставници на власта – еден градоначалник и еден директор, па сега добија и друга димензија.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев преку интервју јавно кажа дека сите информации што со месеци ни ја креваа косата на глава, за паралелен увоз на лекови, се најверојатно точни. Насловите се јасни – „Македонците пијат фалш лекови, се клукаме со погрешни апчиња, се вршел геноцид на сопствениот народ, скандал, катастрофа, трагедија,невиден криминал“… Дончев нормално користеше термини како „наводи“, „сомневања“, „индиции“ и сите можни синоними на коишто можел да се сети, но со оглед на фактот што оперираше со детали (па дури и со имиња на сопственици на фирми), сериозноста на она што тој го зборува  се разбира дека беше издигната на највисоко ниво.

Ниту една недела не помина за некој фалш седатив да може да предизвика барем плацебо ефект и народот да се смири од овој фармацевтски шок, а веќе градоначалникот на главниот град, Петре Шилегов проговори за нов скандал, толку страшен што дури и вистински апчиња не би делувале – на градската депонија имало радиоактивен отпад. Да, Шилегов не тврди, туку има сомневања, секако, но ако градскиот татко вели дека тие (сомневањата) се сериозни, граѓаните немаат друга опција туку да спакуваат куфери. Радиоактивен отпад. Поголема катастрофа не би можела да се замисли. Во услови во коишто воздухот е секојдневно загаден, а вистинските причинители само се шпекулираат градоначалникот зборува за индиции, сериозни индиции за горење на опасен отпад во главниот град. Еколошка трагедија од невидени размери, не само за нашата држава, туку и за целиот регион.

Во целата приказна се вмеша лично и премиерот Зоран Заев, кој веројатно свесен за веќе спакуваните куфери, го демантираше градоначалникот – „анализи како и што и дали се гори на Дрисла допрва се прават, ама едно е јасно –  не се работи за радиоактивен отпад, оти да имало такво нешто државата веднаш би реагирала“. Нормално.

Она што не е нормално после оваа смирувачка изјава на премиерот, е онаа првата на Шилегов. Како може градоначалник да си дозволи да излезе со информации за коишто е свесен дека би предизвикале еден општ хаос, паника и оправдан страв, ако истите не се докрај испитани, или уште повеќе – ако Владата и првиот нејзин човек ги демантира. Па веројатно Владата би требало да биде прва информирана ако се работи за радиоактивен отпад. И тоа не само нашата, туку и околните. Навистина аматерски.

Функционерите на власта мора да бидат максимално одговорни како во пласирањето на информации за криминал (во ред, сомневања), така и во пристапот кон негово решавање. Ова особено важи кога се работи за максимално чувствителни теми – здравјето на граѓаните во случајов. Истрчување со скандалозни изјави, најави и сензационалистички однос кон вака крупни прашања не е во ред. Она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат е информација, не полуинформација, не полувистина, не шпекулација. Кога ќе ја имате целата информација, бујрум презентирајте ја. Но, да оперирате со нејзини елементи е класична манипулација и тоа може да има два ефекти – прво, ја урива довербата, а второ и поважно, влијае негативно на вистинската борба со криминалот за која не треба да си голем експерт за да знаеш дека се прави зад завеси. Секое трубење наоколу и удирање по сите ѕвона прави само врева која на сите нас ни пречи. Освен на криминалците. За нив е прекрасен аларм за бегство.

Пишува: Катарина Синадиновска (Капитал)

Извор: Капитал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Променила само една навиkа и ослабела 20 килограми: Дру Баримор открила како ја довела линијата до совршенство

На 45 години може да се пофали со совршена фигура, но патот до совршена линија не бил воопшто лесен, како што признава и самата. „Како...

Северина во чест на новиот претседател на САД: Слиkи кои kренаа голема прашина

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Груевски и Боркица со изјава: Бесрамно се насладуваат на лагите пуштени во јавноста

Одгласите по последната аудио снимка од разговор за време на ручек во струмички хотелски ресторан помеѓу Зоран Заев и Александар Верушевски, се уште не...

Овие се најопасните хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте

Овие се „најопасните“ хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте Секој хороскопски знак си има своја „темна“ страна, сепак, некои знаци од Зодијакот се сметаат за навистина...
- Advertisement -