-2 C
Skopje

ОВА Е РЕЦЕПТОТ ЗА СТРАСНА НОЌ СО СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

АКТУЕЛНО

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Доколку сакате да заведете некој бик постојано опсипувајте го со внимание, а за скорпијата отворете го ќесето и приредете ѝ некаков луксуз. Рецептот за заведување на партнерот можете да го пронајдете доколку го знаете неговиот или нејзиниот хороскопски знак. За таа цел, следете ги овие упатства:

Овенот сака директни партнери и страсни шепотења

Припадниците на овој знак се малку агресивни и ориентирани на акција. Повеќе ги возбудуваат импулсивни и страсни додворувачи, отколку некои префинети и нежни. Сакаат дискусии во кои можат да се наметнат, а ќе ги освоите со директната изјава во облик на шепотење на уво, која мора да звучи спонтано и искрено.

Бикот обожава бакнежи во врат и вкусна храна

Без разлика дали станува збор за некаков подарок или вкусна вечера во комбинација со чаша вино која сте ја подготвиле за нив, биковите не остануваат рамнодушни на традиционалното додворување, сè додека се трудите во целост да им угодувате. Бакнежите во врат најпрво ќе ги возбудат, а после некое време и тотално ќе ги избезумат.

За близнаците љубовната драма е најголема возбуда

Топло-ладни игри, драматични пресврти и возбудливи расправии се најголем афродизијак за припадниците на овој знак. Тие сакаат по малку нападни и доминантни партнери, а сон им е покрај себе да имаат некој кој сите други во околината го сакаат. Во подоцнежната фаза од врската, ги возбудуваат новите искуства, како на пример тестирање нови техники на бакнување и учење танцувачки чекори.

Ракот паѓа на емотивност и сака да се чувствува сигурно

Долги прегратки и бакнежи, нежно држење за рака и јавно фалење на ракот како љубовен партнер, се нешта со кои овој знак ќе го привлечете кон себе како со магнет. Нив ги привлекуваат енергични и независни луѓе, но не и нападни личности, туку оние кои зрачат со внатрешен елан.

Лавот ќе го освоите ако стане центар на вашиот свет

Овие кралеви на џунглата ги обожаваат сите облици на искажување љубов, а најмногу ќе ги „запали“ ноќ посветена исклучиво на нив. Тоа вклучува вкусна вечера, сензуална масажа, многу комплименти и љубовни изјави. Откако ќе ја добие посакуваната количина на внимание, лавот ќе ви возврати десетократно.

Девицата ќе ја освоите доколку ја преземете контролата

Познати како љубители на контролата, припадниците на овој знак во љубовта тежнеат некој друг, макар привремено да биде главен. Сепак, со оглед на тоа што тешко се снаоѓа во улога на некој кој не ги пишува правилата, девицата ќе се чувствува ранливо и ќе биде спремна за неверство, доколку партнерот сака да ѝ ја одзеде цела контрола. Доколку побара утеха во некој друг, најмногу ќе ја возбуди партнер кој ќе ѝ понуди некакво ново искуство.

Вагата сака класична романтика, љубовни изливи и нежни грицкања

Љубовни писма, убави и долги љубовни изјави, вечера со свеќи, милувања и масажи – ова се работи кои дефинитивно ги обожаваат припадниците на овој знак. Нежните грицкања на усните и ушите се исто така проверена тактика за заведување на овој знак. Доволно е само да ги прашате што сакаат и тие сами ќе ви го нацртаат патот до нивната омилена љубовна и сексуална фантазија.

Скорпијата сака луксузно заведување и многу смеење

За скорпијата, афродизијак претставуваат добрите шеги од страна на партнерот, кои ќе им измамат насмевка, како и предизвикот во облик на секси игра „кој е подобар?“. Сакаат и луксуз, па елитните патувања или вечера во престижен ресторан, ќе им ги разбуди сите сетила.

Стрелецот го пали активен партнер, кој сака авантури

Чист планински воздух, адреналински спортови и сите облици на патување, се најдобар афродизијак за стрелците. Во секојдневните активности, ќе им ја зголемите желбата со неконвенционално однесување, како на пример ако им скокнете на рамена или се однесувате детинесто и заљубено.

Јарецот сонува за таинствени допири од мистериозна личност

Иако сите ги доживуваат како традиционални личности, припадниците на овој знак не ги возбудува ништо повеќе од забранетите љубовни приказни. Тајните допири под масата на која седи нивното друштво, ќе предизвикаат треперење на целото нивно тело. Искрени комплименти на сметка на нивната интелигенција, како и покажување дека не можете да живеете без нив, ја будат сексуалната енергија на јарците.

Водолиите сакаат искрени и духовити партнери

Споделување на интимни тајни и заеднички ставови, се нешто што секогаш ги привлекува водолиите, бидејќи уживаат во моментите на забава и смеење. Воедно, во тие ситуации се буди и нивниот сексуален нагон. Се палат и на духовити и валкани пораки, кои им најавуваат страсна ноќ.

Рибите мечтаат за филмска љубов

Романтични прошетки, вечера придружена со звукот од гитара, па дури и добар, романтичен филм кој го гледаат заедно со партнерот, ја будат желбата кај рибите да ги репризираат сите оние еротски филмски сцени, создадени во нивната фантазија. Релаксирачка музика, романтичен амбиент и нежни допири, се рецепт за вечер полна со страст.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Реакција од ВМРО НП: Се повеќе изјавите и настапите на Филип Петровски наликуваат на Македонски народни приказни

Изјавите на политичарот и аналитичарот во обид Филип Петровски во емисијата ‚‚Во Центар‚‚ кај Васко Ефтов и директните обвинувања кон лидерот на ВМРО-Народна партија...

Вистински пример: Градоначалникот на Прилеп го замени оделото и фотељата со скафандер и бел мантил

Градоначалник за пример! Човек, лекар, хуманист кој на многу доктори-политичари, пратеници и функционери им покажува како вистински се сака својот народ Работам се што треба...

Нанесете го ова на темото и косата побрзо ќе ви расте – нема да се покаете

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат...

Во Македонијава наша експерти за корона станаа сите маалски „фраери“ кои чекаат пари од тато и мама за да се напијат едно кафе со...

Со години живеам надвор од Македонија. Сум живеел во Словенија, сум живеел во Канада, а сега живеам во Швајцарија. Во сите држави во кои...

Наставник купил лажна дијагноза за да биде подолго на одмор, следувало нешто незамисливо

Еден наставник по англиски јазик идентификуван само како г-дин Ду, кој работи во приватно училиште во Внатрешна Монголија, бил принуден јавно да се извини...
- Advertisement -