fbpx
8 C
Skopje

Ова не е борба само на еден министер

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Се чини дека веќе и не постои ден во кој ќе се разбудиме а нашето утринско кафе нема да го поминеме покрај малите ТВ екрани каде што чекаме да ги слушнеме најновите информации поврзани со коронавирусот кој направи хаос во целиот свет.

Се чини дека веќе и не постои ден во кој луѓето имаат верба дека ова ќе оди кон подобро. Напротив. Секое утро се очекуваат се полоши и полоши вести и граѓаните се свесни за таквата ситуација. Слушаме за новозаболени, слушаме за нови жртви, слушаме за нови мерки, слушаме за кривични пријави против несовесни граѓани, гледаме неодговорност од граѓаните, гледаме и загриженост, слушаме критики и пофалби.

Критиките нормално доаѓаат од опозицијата (нешто што е нормално во секоја нормална држава). Како папагали повторуваат како се доцни со мерките, како дел од мерките не биле добри, како требало да се справуваме со економијата, како ова, како она… Едноставно, нема крај! Од друга страна цвета популизмот и на едните и на другите. Ветуваат енормни финансиски суми за кои државата порано или подоцна ќе мора да се задолжи негде. Од трета страна дел од граѓаните повторно се незадоволни. Со тешко срце државната администрација пред неколку месеци ја прими веста дека ќе им биде намалена платата. Се пишуваа фејсбук статуси, прашуваа како ќе преживееле без плата, се жалеа дека тие не го заслужиле ова итн итн. Од нивна страна никогаш не слушнавме да се жалат за нивните сограѓани/ки кои работат по фабриките за 200 евра плата и тоа во работни смени од 7:00 до 15:00 часот а некои и до подоцна. Зошто, тие немаат ли деца дома? Тие немаат ли семејство кое ќе сакаат да го заштитат? Ги има ли прашано некој нив кои работат еден до друг во фабриките дали тие се чувствуваат заштитени и безбедни?

Видовме дека не сме сами на овој свет и дека за жал не само во Македонија, туку сегде луѓето се себични. Влегуваа во маркети, купуваа тоалети за 5 месеци во годината, купуваа брашно за 5 месеци во годината, купуваа се што им е потребно но и непотребно во огромни количини, но никогаш, ама баш никогаш не си го поставуваат прашањето – ќе остане ли и за некој друг? Или пак – има ли некој друг да купи барем половина од ова што го купив јас? Се појавија и “експерти” за вирусот кои нижат фејсбук статуси во кои пумпаат некаква храброст дека не се плашат од ништо бидејќи за нив таквиот вирус и не постои.

Политичарите се натпреваруваат кој е повеќе загрижен за граѓаните, кој има подобри мерки, кој од каде каква помош може да обезбеди, дали имало 100 или 4000 тестови за тестирање итн итн. Од друга страна имаме и такви кои во ек на пандемија прават протести, а претходно бараа алиби за одложување на изборите токму поради ризикот кој го носи коронавирусот. Чудно нели? Ако човек ја погледне целава ситуација може да разбере дека луѓето, народот во оваа држава не разбра дека овој вирус не погодува само одредена група на луѓе и дека сега е времето кога треба да покажат сплотеност, одговорност и солидарност. Наместо да танцуваме заедно, ние повторно одлучивме да се гледаме преку нишан. Чиниш ова е битка на група од нас, а не битка на сите нас. Факт е дека не е добра состојбата. Факт е и дека дел од граѓаните со право негодуваат, со право упатуваат критики исто онолку колку што е голем и фактот дека дел од граѓаните покажаа неодоговорност и спрема себе и своите најблиски, но и спрема државата и сите нејзини граѓани. Знаете, кога се вели седи дома, почитувај препораки, миј раце, не излегувај без потреба не значи дека некој ви вели да се шетате по паркови, да пиете секој ден кафе со соседите, да организирате групни забави, да организирате журчиња со по 400 500 луѓе на затворен простор, да се прикраднувате од едно до друго место во полициски час за да не ви биде досадно дома итн итн.. При една таква неодговорност вие не можете да очекувате дека еден човек е семоќен и може со волшебно стапче да го запре ширењето на вирусот.

Ова не е борба на само еден министер, ова е борба на сите нас. Од прв до последен. Од министерот, здравствените работници, пожарникарот, полициските службеници, армијата, до тетките кои се вработени во маркетите каде што се создаваат најголемите гужви, вработените во банките, поштите, бензинските пумпи, сопствениците на фирмите, работниците во тие фирми, невработените, пензионерите, студентите. На крајот од денот ние ќе бидеме победници само доколку бидеме одговорни спрема самите себе, а со самото тоа и спрема општеството во кое што живееме. Еден за сите, сите за еден!

Автор: Марио Милчевски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

НОВА ГОЛЕМА ТРАЕДИЈА ВО МAKЕДОНИЈА: ПОЧИНА МАЖ ОД СКОПЈЕ ОТКАКО ПАДНА ОД КAPПА

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75). Тој паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“,...

МВР ги приведе Миленко Неделковски и Александар Пандов

МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П....

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...
- Advertisement -