2 C
Skopje

Ова никој не го очекуваше: Еден од носителите на ВМРО-ДПМНЕ ја напушта пратеничката функција

АКТУЕЛНО

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, кој беше избран како носител на пратеничката листа во петтата изборна единица, го напушта Собранието.

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат“, напиша Дурловски на фејсбук.

Игор Дурловски (роден 1977 во Битола) е македонски оперски пејач.

Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво на ликови напишани од познатите автори. Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет во периодот 2000 до 2002 година, го користи во продукциите на оперите Lucia di Lammermoor, Il Trovatore, Don Giovanni, Turandot, Il barbiere di Siviglia, La forza del destino, Rigoletto, Aida и други.

Неговиот мудар славјански тон кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот. Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година, Дурловски дебитира во улогата на Nonacourt во операта Il capello di paglia di Fireza во продукција на Виенската Камерна опера. Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој уметник во камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ.

Драматичните и лирски особености на овој бас со годините, ќе станат препознатливи и по изведбите на оперите од македонски композитори меѓу кои операта Лидија од Македонија и Цар Самоил. 2003 година, тој ја добива наградата “Ѓорѓи Божиков” од Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ за најдобра изведба на композиции од македонски автори. Истата година, Дурловски станува лауреат на меѓународниот натпревар во Белград “Jeunesses Musicales“.

Мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, Ballo delle Ingrati Euridice. Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Реакција од ВМРО НП: Се повеќе изјавите и настапите на Филип Петровски наликуваат на Македонски народни приказни

Изјавите на политичарот и аналитичарот во обид Филип Петровски во емисијата ‚‚Во Центар‚‚ кај Васко Ефтов и директните обвинувања кон лидерот на ВМРО-Народна партија...

Вистински пример: Градоначалникот на Прилеп го замени оделото и фотељата со скафандер и бел мантил

Градоначалник за пример! Човек, лекар, хуманист кој на многу доктори-политичари, пратеници и функционери им покажува како вистински се сака својот народ Работам се што треба...

Нанесете го ова на темото и косата побрзо ќе ви расте – нема да се покаете

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат...

Во Македонијава наша експерти за корона станаа сите маалски „фраери“ кои чекаат пари од тато и мама за да се напијат едно кафе со...

Со години живеам надвор од Македонија. Сум живеел во Словенија, сум живеел во Канада, а сега живеам во Швајцарија. Во сите држави во кои...

Наставник купил лажна дијагноза за да биде подолго на одмор, следувало нешто незамисливо

Еден наставник по англиски јазик идентификуван само како г-дин Ду, кој работи во приватно училиште во Внатрешна Монголија, бил принуден јавно да се извини...
- Advertisement -