21 C
Skopje

Овие институции издаваат дозволи за движење за граѓани и вработени во вонредна состојба

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Владата информира кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани.

Во категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени:

• Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Владата е утврдено дека имаат потреба да се движат во време на забраната за движење

• Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен

• Вработени во мали пекари/бурекчилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие

• Дежурни вработени во погребални претпријатија

• Лица кои се грижат за лица кои имаат потреба од нега од друго лице-трето лице (со соодветна медицинска документација)

• Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Подрачните единици на МЗШВ се одговорни за подготовка на список на земјоделци

* Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk. Во прилог видео материјал со кратко упатство за аплицирање за дозвола.

** Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекчилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.

*** Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата

Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат:

• Вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби

• Вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија)

Општинските кризни штабови даваат услуги за:

• Достава на храна и основни продукти (ресторани и маркети)

Во отстапките за ограничено движење влегуваат вработените во компаниите за кои дозволи за движење ги издава работодавачот, и тоа:

• Компании кои имаат регистрирано работа во трета и/или четврта смена во Државен инспекторат за труд

• Медиуми кои имаат дежурни вработени за кои не е потребна работа на терен (движење од домот до работното место и назад)

• Градежни компании за вработени кои се ангажирани за работа на објекти

• Компании кои работат за време на викенд

Со оваа мерка се опфатени и категории на граѓани за кои не е потребна дозвола за движење, и тие се однесуваат на:

• Превозници со товарни возила

• За потреба на достава на стока (со соодветна документација)

• Прошетка на домашни миленичиња (во дозволените периоди и во непосредна близина на домот)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -