Откако пред седум години останал без своето сакано куче Волфганг, Стив Грег од Денвер започнал да спасува и негува стари кучиња, обезбедувајќи им добар дом во последните години од животот.
Фотографиите од својата „заедница за кучиња“ ги обајвува на Инстаграм, а бројот на неговите следбеници расте од ден на ден. Стив во моментов има повеќе од 900.000 следбеници на оваа социјална мрежа, а на сите им е интересно, тоа што покрај кучиња, тој посвоил и свиња, два зајака, две патки, четири кокошки, две мачки и мисирка од 20 килограми.
Стив ја сподели својата приказна и во книгата „Еден и единствен Волфганг“.