Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност.
Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и ги топи маснотиите на критичните подрачја.
Ако сакате брзо да се ослободите од вишокот килограми пробајте го овој напиток кој многу лесно се подготвува.
Луѓето кои го пробале истакнуваат дека е можно да се симнат 80 отсто од маснотиите на стомакот и колковите за две недели, а единствен услов е да го консумирате секој ден на празен желудник – најдобро меѓу 6 и 7 часот наутро.




Состојки: лажичка сода бикарбона, две лажички лимонов сок, лажичка органски мед, 200ml топла дестилирана вода
Многу научни докази велат дека лимоновата вода на организмот му нуди огромни придобивки. Мал е бројот на научни истражувања што се направени специјално за оваа намирница, повеќето од нив се занимаваат со лимонот и водата поединечно. Ќе наброиме седум здравствени придобивки за вашето тело доколку консумирате лимонов сок.
1. Одличен е за хидратација
Според генералните препораки на Одборот за храна и исхрана, жените треба да пијат околу 2,5 литри течност, додека мажите 3,5 литри. Тука е вклучена течноста од храна, не само водата. Водата е одлична за хидратација, но со додаден лимон во неа, освен што ќе бидете освежени, ќе бидете и значително поздрави.
2. Добар извор на витамин Ц
Цитрусите како што е лимонот, имаат огромно количество витамин Ц, кој, пак, е примарен антиоксиданс што помага во заштита на клетките од штетата предизвикана од радикалите. Сигурно знаете дека витаминот Ц може да ви помогне при грип и настинки, но помага и во намалување на крвавењето.
Витаминот Ц исто така го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и го смалува крвниот притисок. Иако лимоните не се на врвот на листата на намирници богати со витамин Ц, тие сепак се одличен извор за овој витамин. Според американското министерство за земјоделство, сокот од лимон дава околу 18,6 милиграми витамин Ц. Препорачаната дневна доза за возрасни е од 65 до 90 милиграми дневно.
3. Ги топи килограмите
Истражувањата покажуваат дека полифенолните антиоксиданти што се наоѓаат во лимонот, го намалуваат таложењето маснотии во мускулите. Во овие студии, било откриено и дека овие антиоксиданти ги елиминирале негативните ефекти од гликозата во крвта и ја подобриле отпорноста кон инсулин, двата главни фактори за развој на дијабетес тип 2.
4. Ги подобрува изгледот и квалитетот на кожата
Количеството витамин Ц што се наоѓа во лимонот ги спречува збрчкувањето на кожата, сувоста и штетата од сонцето. Ако вашата кожа не е хидрирана, станува сува и склона кон стареење. Една студија од 2016 година покажала дека лимоновиот сок ги намалува стареењето на кожата и нејзиното исушување.
5. Најдобриот пријател на дигестијата
Некои луѓе пијат лимонов сок дневно, како природен лаксатив што помага при констипација. Пиењето топла лимонова вода може да го забрза вашиот дигестивен систем, да ги исчисти маснотиите од желудникот и цревата и да ви помогне да ги исчистите истите нив.




Со тоа не само што се чистат цревата, туку се исфрлаат и токсичните материи наталожени во нив. Во последно време сѐ почесто слушаме дека најголемата штета за здравјето е токму наталожената храна во цревата, која, доколку се соочувате со констипација и таа останува подолго време во нив, скапува и испушта разни штетни супстанции, кои го одземаат здравјето од вашиот организам. Затоа воопшто не чекајте. Наутро пијте топол лимонов сок и помогнете му на вашиот организам да биде исчистен.