fbpx
23.8 C
Skopje

П. Колев: Може да се занимавате со „нуклеарна физика“, место со политика.

АКТУЕЛНО

Може да се занимавате со „нуклеарна физика“, место со политика.

Жално и наивно е ако некој си мисли дека граѓаните на Македонија може да бидат манипулирани со евтина блех музика во режија на СДСМ и смешни видеа на Мисајловски од ДПМНЕ како се градело и како се сакала Македонија.
Господа, тој автопат е изграден со донација од ЕУ, грант од 40 милиони евра пари на европските граѓани од нивните даноци, средства од кредит од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка кој треба да биде вратен од даноците на македонските даночни обврзници како и 6 милиони евра од буџетот кои се пак пари на граѓаните.
Не сум слушнал да сте донирале за автопатот од парите на вашите партии или можеби вашите приватни фирми. Срамота, популизам и вулгарност е да ни претставувате за огромен успех изградба на 28 километри автопат во 2018 година.
Реалноста е следната за повеќе од 6 години сте изградиле 28 километри. Тоа значи сте граделе по 4-5 километри на година. Каков технолошко-градежен успех! Ќе беше смешно ако не е тажно тоа што сѐ ова е дополнето и со скандалите за кеш средствата од АКТОР и скандалите околу ова, како и истрагата на ОЛАФ за злоупотреба на средствата. Наместо да се засрамите од сето ова вие се снимате во видео обраќање мислам на Мисајловски од ДПМНЕ и дури и викате музики, господа од СДСМ.
Ако вашето политичко битие во инфраструктурата се исцрпува со 28 километри автопат изграден за повеќе од 6 години слободно може да се занимавате со „нуклеарна физика“, но не и со политика.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -