6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Падна одлука која изненади многумина: Кривичен одлучи за пасошот на Мијалков

Кривичниот суд го одби барањето на еск директорот на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратен пасошот. Од судот денеска соопштија дека е одбиено барањето за укинување на мерката за претпазливост која му беше одредена на Мијалков, пренесува ФОКУС.мк

Тој, пак, го бараше пасошот назад со образложение дека има потреба од оперативен зафат кој треба да му биде извршен во странство бидејќи во земјава не се врши таква хируршка интервенција.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје по добивање на целокупната документација поврзана со барањето согласно Законските одредби се обрати до надлежното обвинителство од каде е добиено негативно мислење во однос на барањето.

-Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и мислењето на надлежното обвинителство донесе решение со кое барањето го одби како неосновано. Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во рок од 3 дена“, соопштија од судот.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -