Бугарската Влада ќе им додели по 500 евра дополнителен надоместок за сите медицински лица кои се борат против коронавирусот во Бугарија во моментов. Тоа го најави премиерот Бојко Борисов по вонредната средба со претседателот Румен Радев и шефот на Националниот оперативен штаб, генерал-мајор Венцислав Мутафчијски.
„Најитно е да можеме да ги заштитиме лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите. Разговаравме и денеска или утре ќе објавиме по 1.000 лева бонус за секое медицинско лице“, најави премиерот.Ж
Бугарскиот Парламент едногласно гласаше да биде прогласена вонредна состојба во земјата до 13 април за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, откако бројот на потврдени случаи се искачи на 23.
За време на вонредната состојба, патувањето до и од земји со голем процент на заразени ќе биде забрането, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени, а на полицијата ќе и биде дозволено да интервенира за да ги изолира заразените лица.