fbpx
14.8 C
Skopje

Пандов: Чукнете си ги главите, црно ви се пишува, а и пред референдум сте!

АКТУЕЛНО

Инцидентот на Мечкин Камен, кога народот насобран на прославата на Илинден ги исвирка претставниците на владата и ги испрати со погрдни зборови, нарекувајќи ги „изроди“, „предавници“, „апаши“, МВР ќе го заокружи со „идентификација на сторителите“.

Настанот го коментира Александар Пандов, кој предупредува дека покажување сила на народ не завршува на арно и потсетува како помина Бранко Црвенковски во 1997 година.

„Да бидеш свиркан, плукан и пцуен на Мечкин Камен од сопствениот народ, да те нарекуваат предавник и апаш пред толку камери како што беа денес владините првенци, истите да имаат основно чувство на срам и достоинство тие би се повлекле. Но пошто овие не знаат за срам, а и на Заев му се арни, како најголеми бедници од позиција на хунта, ќе ги апсела свиркачите. Исто ко Бранко 97. Толку покажување сила и мускули на народот нема да ви заврши на арно. Гледам сте успеале да ги обедените и сите навивачки групи против вас. Чукнете со главите и размислите што правите, црно ви се пишува, а и пред референдум сте!“

Да бидеш свиркан, плукан и пцуен на Мечкин Камен од сопствениот народ, да те нарекуваат предавник и апаш пред толку…

Posted by Aleksandar Pandov on Thursday, August 2, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -