fbpx
21.8 C
Skopje

Пандов: Разрешувањето на Богојевски е сигнал дека местото на платениците е на опашот заедно со мувите

АКТУЕЛНО

Откако Петар Богојевски беше разрешен од позицијата на заменик генерален секретар од ВМРО-ДПМНЕ, со свој став излезе и некогашниот пратеник на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

Тој очекува во наредниот период да се случат уште неколку разрешувања, со што партијата би се растеретила.

„Разрешувањето на Петар Богојески од местото заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително јасен сигнал од ИК и од самиот Христијан Мицкоски дека местото на платениците и петоколонашите е на опашот, заедно со мувите.

Тоа што е изногиран на првиот состанок на ИК после референдумот ми дава храброст да тврдам дека за краток период ќе бидат отсранети и уште неколку зрна “кукољ” од амбарот, како би можела ВМРО растеретена и реформирана, влезе во завршна борба против оваа фашистичка хунта“, напиша Пандов на својот профил на Фејсбук.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -