Кога надворешната температура е само 5 степени српската пејачка Јелена Kарлеуша е во секси стајлинг, панталони исечени како танга, халтери, долна облека исто како и во лето.




Карлеуша без проблем може да се види и во најпровокативно издание и во сред зима и покрај тоа што за изгледот ќе добие многу критики.
Џеј Кеј и во петата деценија од живото покажува дека зимата не и прави никаков проблем кога ге гардеробата во прашање, нејзината девиза е што помалку гардероба на себа за што по провокативно издание
Раперката Ивана Рашиќ, попозната како Сајси МС, е една од текстописците на новиот албум на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша.
Иако не е познато кога албумот ќе биде објавен, ПР-на пејачката, Зоран Бирташевиќ на социјалната мрежа Инстаграм потврди дека раперката напишала нови песни за Карлеуша. Оваа вест е особено интересна, имајќи ја предвид нивната претходна историја.
Српските медиуми пишуваа дека Сајси и Јелена Карлеуша планираат да ја објават песната „Локал београдизам“. Соработката никогаш не настанала поради расправија меѓу двете пејачки.
Во текот на 2016 година, во истиот период кога се зборуваше за дует со Карлеуша, Сајси МС сними дует со друга музичка sвезда – Северина, што ја налути Карлеуша и таа реши да се откаже од нивната соработка.




После тоа, контроверзната раперка реши да ја сними песната „Локал београдизам“, самостојно, која првично требаше да биде дует.