12.4 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Анализа: Ќе ја добие ли ЕУ политичката битка со КОВИД-19?

Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?   Затоа што политиката претставува суштествен поим со...

Пациент со симптоми на корона пак не бил примен во Охридската болница

Се повторува ли сценариото заради кое минатата недела директорката на Охридската болница беше разрешена? Уште еден пациент со симптоми на корона, повторно од Лабуништа,...

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Парада на маските

Почитувани, каква беше онаа маскарада од сношти за преместувањето на Катица од Шутка во куќен притвор? Дали навистина верувате дека она маскирана ЗОРО нинџа е осомничената К.Ј? Од кога ние толку водиме ред за заштита на личниот интегритет на осомничените? Од кога презумпцијата на невиност ја применуваме на толку високо ниво? Зарем не беше таа истата К.Ј. одвезена од дома со цивилно СЕАТ, наместо со службена ,,МАРИЦА,,? Тогаш немаше ни маски, ни мантили, туку едноставно и најколегијално ,,рака под рака,, спроведување до возилото. А натаму? Е тоа во случајов се свири, наместо да се гледа!!!

А осомничената да не влијаела некако на кривичната постапка која се води против неа? Да не се сменети основите поради кои и беше изречен притворот? Она ќе сокрие, уништи или фалсификува траги на кривично дело или ќе влијае врз сведоците, учесниците, прикривачите, веќе преку ноќ ја изгуби важноста. Пу-пу не се важи веќе. Колку што јавноста знае ова кривична постапка уште нема судска разрешница и секој од играчите може и те како да влијае на доказите и сведоците.

Така да реформите во судството одлично ни одат. Ама за сиромашниот плебс, а за богатата аристократија ниту постои закон, ниту постои право. СДС си ја земаа државата под свое и кон неа се однесуваат како кон своја сопственост. Ниту еден, ама баш ниту еден функционер не само што не им е осуден, туку и не се задржува во државата до крајот на постапката. Туристичката агенција СДС уредно и безбедно ги префрла до бараната дестинација.

Она што се најавуваше како реформа на правосудството стана фијаско и деградација не само на правосудниот, туку на целиот државен систем. Сила се применува кон обичните луѓе, додека кон функционерите сите почести. ДПМНЕ барем апсеше неистомисленици. Им наоѓаше некоја основа, јасна само ним, и си ги приведуваше и шиканираше како сака. Ама барем апсеше.

Овие сега, да се надеваме не на заминување, ами веќе заминати, ниту една постапка не спроведоа до крај. Или им застарува, или им бегаат осомничените, или пак немале докази. Каде се професионалците од МВР, од ОЈО, од судовите? Избегаа или никогаш и ги немало? Што ќе ти е партиска книшка и партиско вработување. Нема гајле, ќе научи, па не е глуп. Или можеби е?

Колку осомничени избегаа без било какво објаснување на државните органи надлежни за кривичен прогон? Ако вака продолжи, дај отворете ги и вратите на Шутка и Идризово и кренете ја државната граница. Нема веќе смисла да зборуваме за репресија и казнување. Подобро ќе ги депортираме на Бахами или Сејшели, заедно со нашите украдени пари. Барем да не ги гледаме тука ниту нив, ниту парите што никогаш нема да ни се вратат. Тргнете ни ги од пред очи!!!

Другари, вака нема ниту ЕУ, ниту НАТО. Вака нема држава. Па после нема ни потреба од нејзиното именување. Сеедно! Апатија за се што не допира и што е во наш интерес. Желбата да останеме закоравени во оваа балканска кал на криминал и беззаконие не ни е всадена. Тоа ни е наметнато, а ние само си молчиме.

Од двете зла, СДС и ДПМНЕ никогаш аир нема да видиме. Никогаш бел ден и светлина. Затоа што се две страни на иста пропаст, пропаст на македонскиот народ. Епа сега бирајте- Избори се ближат!!!

Перица Спасовски-претседател на ГДУ Куманово

Latest Posts

Анализа: Ќе ја добие ли ЕУ политичката битка со КОВИД-19?

Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?   Затоа што политиката претставува суштествен поим со...

Пациент со симптоми на корона пак не бил примен во Охридската болница

Се повторува ли сценариото заради кое минатата недела директорката на Охридската болница беше разрешена? Уште еден пациент со симптоми на корона, повторно од Лабуништа,...

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

АКТУЕЛНО

Анализа: Ќе ја добие ли ЕУ политичката битка со КОВИД-19?

Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?   Затоа што политиката претставува суштествен поим со...

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

Тажна вест: Родилка не ја издржа борбата со корона вирусот, бебето е во добра состојба

Најновата вест е пренесена од страна на Министерството за здравство. Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на...

(ВИДЕО) Градоначалникот раскажа: Направив тестови во две приватни болници – резултатите беа различни

Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.