fbpx
19.8 C
Skopje

Колку македонските студенти кои работат и престојуваат во САД се задоволни од тоа што САД им го нуди?

АКТУЕЛНО

Програмата „Work and Travel“ е позната како програма за културна размена на студенти во која секоја година земаат учевство повеќе од 100. 000 студенти. Она што е карактеристично за оваа програма се состои во тоа што, не само што ќе ги посетите најпопуларните места во САД, но и ќе имате можност да работите и заштедите финансиски средства кои ќе ви го олеснат студентскиот живот во Македонија. Работата која се нуди е најчесто – работа во хотел, ресторани, продавници, забавни паркови, голф клубови, базени и слично. „Work and Travel“ е можност да станете независни, да стекнете животно искуство кое ниту една пара на светот не може да го купи. Кога станува збор за оваа програма за македонските студенти, тоа значи можност за нив да пропатуваат низ светот, да се запознаат и да стекнат нови пријателства со луѓе од целиот свет, да се запознаат со американскиот начин на живот и секако, добра заработувачка.

Тимот на „Поглед.мк“ стапи во контакт со неколкумина од македонските студенти кои биле во Америка, а кои сакаат да го споделат своето стекнато искуство заедно со нашите читатели. Ивана Шуманска е една од студентите/ките кои веќе престојувале и работеле во САД преку програмата „Work and Travel“. Таа ни раскажа од каде ја добила идејата за патување во САД и ни ги пренесе нејзините искуства и впечатоци.

„За програмата „Work and Travel“ знаев уште одамна, но се одлучив да аплицирам по предлог на другарка, која имаше желба заедно да отидеме во Америка. За жал виза добив само јас, а не и таа. 

Не знаев каде всушност ќе одам, односно знаев само дека местото се вика Cape Code. За моја среќа не патував сама и во авионот бев со мое другарче од Македонија. Првичниот впечаток кога стигнав беше застрашувачки, терајќи ме во себе да си го поставувам прашањето што всушност барам таму, но веќе утредента тој страв спласна а прекрасниот океан кој беше пред самото место кај што бев сместена ми влеваше надеж дека престојот во Америка ќе ми биде едно одлично искуство во мојот живот.

Градчето во кое престојував во САД се викаше Osterville, имаше многу езерца и пристаништа, а секој ден од градчето беше посебна приказна. Слободното време го поминувавме во пријатна атмосфера, со музика и скара, возејќи се со глисери, одење на забави, и правејќи необични работи.

По завршувањето на работните месеци, имав можност да ги посетам Бостон, Чикаго и Њујорк. Сите беа прекрасни, но Чикаго и Њујорк ми оставија посебен впечаток. Како мала, Чикаго беше град кој често го гледав на ТВ екраните, бидејќи истиот е дел од многу филмови кои се снимани во тој град. Ова беше прекрасна можност во која максимално уживав, посетувајќи го најголемиот град во Светот кој претставува глобален водич, но и третиот најнаселен град во САД, а тоа е Чикаго“.

„Поларните мечки, неверојатното ѕвездено небо и природните зимски убавини се само дел од преубавата Алјаска“, вели студентот Даниел Ристовски.

Искуството вели му било незаборавно, бидејќи освен добрата заработувачка, успеал да стекне многу пријателства и постојано бил во контакт со луѓе од целиот свет.

„За програмата Work and Travel дознав од мои блиски пријатели кои веќе еднаш биле во САД и ја искористиле можноста да работат и да живеат во САД. Заминав во Денали – Алјаските планини, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска. Престојот во Алјаска за мене беше незаборавно искуство, стекнав бројни пријатели од соседните држави на мојата татковина, од Бугарија, Србија, но стекнав и бројни навики кои претходно не сум ги имал. 

Она што навистина претставува проблем не е самата работа, туку нејзиното времетраење. Ние таму добро заработувавме, но тоа се должеше на трудот и секојдневното работење од утро до мрак. Задоволството доаѓа по завршувањето на работните месеци, бидејќи останува период од околу 20 дена во кои студентите шетаат во популарните Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Флорида“, вели Даниел.
Тој додава дека заработувачката во Америка е одлична наспроти она што го заработуваат младите во Македонија и истата му дозволува на самиот студент поголема слобода што се однесува до потрошувачката која истиот ја има.
Се надеваме дека споделените искуства и впечатоци на Ивана и Даниел за нивниот незаборавен престој во Америка ќе ве натераат и вас како млади студенти да го преживеете ова незаборавно искуство барем еднаш за време на студиите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -