fbpx
-1 C
Skopje

Парламентарни избори и корона криза – Каква влада да очекуваме?!

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Пандемијата несомнено го блокира светот, кога ние бевме во исчекување на предвремените парламентарни избори, како што многумина ги нарекуваа ,,историски избори”, корона кризата ги одложи договорените парламентарни избори на 12-ти април кога имавме 753 активни случаи со Ковид-19 на ниво на држава и од почетокот на корона кризата до тој ден регистрирани вкупно 828 заболени со Ковид-19, по се изгледа сфативме дека предвремени парламентарни избори се неопходни, така и на 3572 активни случаи со Ковид-19 и од почетокот на корона кризата до тој ден регистрирани вкупно 8530 заболени со Ковид-19.

Покрај подолги преговори, веројатно ,,свирка” од надвор одлучи, предвремени парламентарни избори беа прифатени од лидерите на најголемите политички партии. Голема беше дилемата меѓу 5-ти, 8-ми или пак 15-ти јули, иако, како лидерите така и сите граѓани беа свесни дека кој и да биде датумот на изборите, пандемијата и понатаму несомнено останува меѓу нас. Брзи избори, за брзи решенија и брза стабилизација, како со корона кризата така и со економската криза која што може да нѐ очекува. Падна договор, изборите се одржаа на 15-ти јули во среда, кампањи водени сред пандемија, претставување на политичките партии, нивните кандидати и политичките програми, се чини голем дел од политичките партии програмите ги продолжија како и во нормални услови, ветувањата беа високи, како корона кризата и економската криза да беа заборавени
во составувањето на дел од програмите на политичките партии, како на големите, така и на малите политички партии.

Изборниот ден помина, под посебни здравствени протоколи, избори кои траеа три дена, со цел што повеќе граѓани да го остварат своето избирачко право, па и оние кои ги исполнуваа условите, а се наоѓаа во изолација или пак самоизолација поради пандемијата со Ковид-19. Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија право на глас имаат 1.814.263 граѓани, гласачките места беа отворени од 7 часот наутро до 21 часот, излезноста на овие избори беше 50,86%, додека на изборите во 2016 година излезноста на парламентарните избори беше 66,79%.

И покрај тоа што сите политички партии за време на изборната кампања неуморно повикуваа на масовна излезност на овие избори, сепак, добар дел од граѓаните останаа дома, слабата заинтересираност на електоратот за едни како што ги нарекуваа значајни и историски избори и покрај големите промени кои се случија минатите 3 години, како настаните од 27-ми април, промената на уставното име, преговорите на македонскобугарската комисија итн.., и покрај тоа некои граѓани одлучија да не го остварат своето уставно загарантирано право, правото на глас. Со тоа се отворија и неколку прашања, дали корона кризата ги предомисли граѓаните во остварувањето на своето право да земат учество во политичкиот живот или сепак незадоволството на граѓаните од политичките кандидати или нивните политички програми?! ….Или можеби сепак останува сомнеж и недоверба дека работите и понатаму ќе останат непроменети, или сепак влијание има и измореноста на граѓаните да бидат владеани од две политички елити во последните 30-тина години. Во предвремените парламентарните избори во трка се впуштија и малите политички партии, но, и покрај нивните програми тие повторно останаа со значителен мал број на гласови, а далеку од доволниот број на гласови за распределба на пратенички мандати. Сепак, политичката партија ,,Левица” на Апасиев која што важеше за помала политичка партија т.н трета опција, подемот на Левица за која на овие избори гласале 37.551 граѓани со процентуална разлика од пред три години со + 200%, додека СДСМ со – 25% и ВМРОДПМНЕ со -30%. Сепак со овој изборен модел и вака поделена Македонија во шест изборни единици, Апасиев и Левица со дури 37.551 гласови освојуваат само 2 пратеника. Еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори беше набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Но, и покрај тоа тие по изборите упатија голем број на критики за целиот избирачки процес во текот на целиот избирачки ден, но, ВМРОДПМНЕ и по истекот на законскиот рок во ДИК поднесе само 2 приговори, но, не беше единствената политичка партија која изјави незадоволство и сомнеж во изборните резултати, по доцнењето на објавувањето на резултатите на ДИК, реагираше со сомнеж и Коалицијата ,,Moжеме” предводена од СДСМ, како незадоволство, така до ДИК беа поднесени и приговори и на помалите политички партии, покрај тоа голем дел исто така меѓусебе се обвинија за предизборен поткуп, не се изостави да не се спомене и т.н ,,бугарски воз” за време на избирачкиот процес, фотографирање на гласачки ливчиња како индикатор дека граѓаните на некој начин се докажуваат за која политичка партија го дале својот глас и покрај тоа што на тој начин е нарушена тајноста на гласањето.

На социјалните мрежи предвреме излегуваа изборни резултати и покрај фактот што гласачките ливчиња на граѓаните кои се позитивни на Ковид-19 или се во самоизолација, кои гласале на 13.07.2020 година, и гласачките ливчиња од гласањето на болните и немоќните лица, кои гласале на 14.07.2020 година, согласно одредбите на Изборниот законик и упатствата на Државната изборна комисија заедно со останатите ливчиња од гласањето на 15.07.2020 година се пребројуваат по завршувањето на гласањето на 15.07.2020 година, по 21 часот. Прекршување на предизборниот молк, па и голем број на индикации на социјалните мрежи од членови и симпатизери на политички партии со цел што повеќе неважечки гласачки
ливчиња.

Но, суштинското прашање е, и понатаму останува: Каква влада ќе имаме?! Триумфот на ДУИ и на албанскиот политички блок, победата на СДСМ на парламентарни избори по 18 години, поразот на ВМРО-ДПМНЕ и секако подемот на Левица. Дали единствениот услов на ДУИ е и ќе остане албанец премиер, или сепак тоа на крај ќе остане во позадина на играта?! Дали можеби ДУИ размислува да го побара МВР под нивно раководство, или можеби УЈП или Царини?! ВМРО-ДПМНЕ се уште не ја исклучува можноста да формира влада и покрај фактот што за голем дел од прашањата не зборуваат на ист јазик со ДУИ, а фактот дека влада без албанскиот блок нема да има и понатаму останува. Од друга страна СДСМ, и покрај влошените односи со ДУИ, не отстапува од идејата дека тие остануваат на власт. Дали можеби последното прашање што се наоѓа меѓу варијантите е можноста за формирање на широка влада, со можност за повторни предвремени парламентарни избори?! И покрај големиот број на прашалници кои се наоѓаат во главите на македонските државјани, корона кризата и пандемијата со Ковид-19 останува меѓу нас. Дали можеби треба да очекуваме нов кластер ,,избори и прослави од изборите”?! Но, каква и да биде варијантата, сметам дека треба да бидеме реални и да се соочиме софактот дека за големи реформи во секоја сфера во македонското општество ќе си почекаме, и секако суштинското прашање и понатаму останува: Дали вечната власт наречена корупција и понатаму останува да владее во македонските институции?!

Пишува: Елена Ристеска, апсолвент на политички науки при УКИМ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...

НOВA ТАЖНА ВЕСТ во Македонија: На 58 годишна возраст починa познатиот битолчанец и еден од основачите на навивачката група “Чкембари”

Прочитај повеќе во продолжение - тажна вест На 58-годишна возраст почина Вања Георгиевски, еден од основачите на навивачката група „Чкембари“. Георгиевски беше постојан посетител на...

Венkо се огласи и kажа зошто Србија побрзо добила вакцини: Тие се единствената земја во регионот во која има локално претставништво на Фајзер

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината „Фајзер“ која е договорена во директни преговори...

Избувна пoжaр во зградата на најголемиот производител на ваkцини

Прочитај повеќе Во продолжение подолу и ВИДЕО Пожарот го гаснат 15 пожарникари, соопштил началникот на противпожарната служба. Три лица биле спасени од зградата, а причината за пожарот...
- Advertisement -