fbpx
6 C
Skopje

Партија од коалицијата на СДСМ и Заев порача: Сакаме промени – или ќе делуваме на друг начин

АКТУЕЛНО

Претседателот на ЛДП Горан Милевски денеска повторно апелираше за промена на изборниот модел во пресрет на предвремените избори што би требало да одржат напролет.

– Во однос на актуелната состојба ЛДП уште еднаш апелира и инстистира до другите политички партии да се промени изборниот модел бидејќи тоа се најави на лидерската средба кај претседателот на државата. Меѓутоа еве помина една недела и тоа прашање останува отворено.

Тие со сигурност ќе бараат промени во изборниот законик, за што имаат и повеќе опции.

-Инсистираме да има една изборна единица без праг, или доколку нема консензус за таа работа бараме на постојниот модел од шест изборни единици да има отворени листи бидејќи сите се залагаат за отворени листи а викаат е невозможно тоа да биде со една изборна единица. Апелираме тоа да се направи со шесте изборни единици, рече Милевски, по денешната 14 конференција на ЛИДЕМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -