fbpx
5 C
Skopje

Партијата на Љубчо Георгиевски заедно со останатите помали партии во Собранието предлага измени во изборниот Законик за една изборна единица

АКТУЕЛНО

ВМРО-Народна партија денеска како дел од македонскиот парламент заедно со останатите помали политички партии, партиципиенти во Собранието, предлага измени во изборниот Законик, односно предлог Македонија една изборна единица.

Уште во 2011 година ВМРО-Народна партија прва го потегна прашањето и упати јасен став и иницијатива за промена на изборниот Законик со што предложи Македонија да биде една изборна единица од едноставна причина што само така Републиката ќе може да почувствува вистински плурализам, а притоа да бидат испочитувани различностите во партиско-политичката сфера.

Самите знаеме дека наназад се случувало политички партии вклучувајќи не и нас како ВМРО-Народна партија да добиваат над 30.000 освоени гласови, а притоа да не добијат ниту еден пратеник во Собранието.

Цврсто сме убедени дека со овие предлог-измени во изборниот Законик ќе се трасира најсигурен пат до вистинскиот плуралистички состав на Парламентот и дека ќе се обезбеди широка и трајна демократизација на македонското општество.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -