fbpx
2.8 C
Skopje

ПЕЕ РАСТУРА: Анастасија Ражнатовиќ со оваа изведба во живо ги замолче сите кои ја критикуваа дека лошо пее

АКТУЕЛНО

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражњатовиќ, неодамна ја објави својата прва песна „Совршен пар“.

Иако за кусо време, песната доби огромен број на прегледи, сепак многубројни се коментарите дека Анастасија не знае
да пее и дека прави кариера на грбот на својата мајка.

Пејачката Анастасија Ражњатовиќ ова утро гостуваше во емисија во која зборуваше за појавувањето во јавноста од мала и дека воопшто не и влијаат негативните коментари.

-Од мала сум актуелна за јавноста, така да ништо од ова не ми е ново. Ништо не се промени во однос на медиумите, се е исто. Само ми е драго што сега веќе имам своја професија, во смисла дека сега сум пејачка, веќе не сум ќерката на Цеца. Така да сега имам причина за да се појавувам во медиумите – истакнува атрактивната пејачка.

Иако пејачите после издавањето на песните брзаат да настапуваат и да промовираат нов сингл, Анастасија откри дека не брза, туку се доградува и во меѓувреме работи на втората песна.

-Несакав да ги бомбардирам луѓето со моето појавување во медиумите. Сметам дека песната ако е квалитетна секако ќе се слуша и без моето појавување. Така да јас не сум спремна да настапувам, туку сакам самата од себе да се соживее. Во меѓувреме се трудам да работам на себе, психички и физички- заврши Анастасија.

Ќерката на балканската мега ѕвезда Цеца, Анастасија Ражњатовиќ, тргна по стапките на својата славна мајка, а како прв чекор во нејзината музичка кариера денеска беше претставена песната насловена „Савршен пар“.

Автор на музиката и аранжманот е Дарко Димитров, а стиховите ги напиша самата Анастасија, додека видеото е во реализација на продукцијата „Ај-ди-џеј видеос“, а режисер е Андреј Илиќ.

За само неколку часа од објавувањето, под видеото се наредија бројни позитивни коментари од нејзините обожаватели, опишувајќи ја песната како летен хит, а како изгледа и звучи нејзиниот „Совршен пар“ погледнете го видеото.

Во своето последно гостување, Анастасија ја испеа својата песна во живо и со тоа им ги затвори устите на сите. Уживајте:

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -