fbpx
5 C
Skopje

Пендаровски: Ја кога не би бил претседател, би се селел од мојата држава (Видео)

АКТУЕЛНО

Да не бев претседател, ќе се преселив од мојата земја, изјавил претседателот Стево Пендаровски на Форум за млади лидери во Нови Сад сакајќи да ја илустрира состојбата на чекање за влез во ЕУ , во земјава и регионот , пренесуваат српските медиуми.

-Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, ќе се преселив од мојата земја – рекол Пендаровски.

Според него, шанса да се задржат младите во регионот е Западен Балкан да почне да ги користи своите ресурси и да продолжи со регионални автономни иницијативи и да создаде нешто како мала ЕУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -