fbpx
0 C
Skopje

Пендаровски на балканскиот самит: Eкономската агенда треба e приоритет пред политичките прашања

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Интензивна економска соработка, регионални пакет-мерки за социо-економско закрепнување од пандемијата на Ковид-19, се меѓу заклучоците на дискусијата на лидерите и учесниците од шесте земји од регионот на денешниот виртуелен самит, организиран од Атлантскиот Совет на САД, посветен на економската интеграција на Западен Балкан, на кој учествуваше претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, учесниците се согласиле дека преку зајакната економска соработка, слободно движење на луѓе, добра и услуги, ќе се придонесе кон побрзо социо-економско закрепнување на регионот, ќе се зголеми неговата конкурентност, а ќе биде и попривлечен за влез на странски инвеститори.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакнал дека Северна Македонија во целост ги поддржува предлозите за регионална соработка и во таа насока посочил дека економската агенда треба да има приоритет пред политичките или безбедносните прашања, кои долго време беа предмет на дискусија во регионот.

Тој додал дека новите инцијативи е потребно да бидат комплементарни со постоечките и да се во тесна врска со институционалните рамки за соработка во Европската Унија. Исто така, истакнал дека не смее да дозволиме европската интеграција да остане далечна, затоа што ситуација кога нема напредок на европскиот пат не е поволна за развојот на Балканот.

Претседателот додал дека економските иницијативи се многу важни затоа што тие можат да помогнат во справувањето со масовното иселување на жителите од Балканот. Регионалната соработка може значително да придонесе за подобрување на економските параметри на земјите, за полесно да се справат со миграцијата.

Меѓу заклучоците од самитот се и преземените обврски за отстранување на административните пречки за слободното движење на добра и услуги, вложување во инфраструктурни и инвестициски проекти со кои брзо и ефикасно ќе се спроведуваат чекори за закрепнување на регионот, се додава во соопштението.

На виртуелниот самит учествуваат и останати високи претставници од шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Авдулах Хоти, претседателот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ.

Настанот беше организиран од Атлантскиот совет, тинк-тенк организација од САД, во соработка со партнери од Владата на САД, Европската комисија, Европската служба за надворешни работи и други меѓународни партнери на Атлантскиот совет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...

Еkс сопругата на екс директорот си го промени презимето на фејсбук и инстаграм: Еве како се презива сега

Агенса Ораноска, поранешната сопруга на екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски го промени презимето на профилите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, два дена откако Орданоски...

ШOK ПРЕД ХОТЕЛОТ НА ЏОКОВИЌ: Српски навивач сакаше да оди во собата на Ноле, реагираше ПОЛИСИЈА (ВИДЕО)

Правилата се прилично строги и тенисерите не можат да го напуштат хотелот, освен кога одат на тренинг. И додека Новак одмараше во својата соба,...

Колев: Да го зaпалиш знамето на државата која дала државјанства на илјадници твои граѓани за работат низ цел свет е меко кажано невоспитано

Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена...

Душичка: Атиџе за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички

По повод 57-миот роденден на Атиџе, нејзината најверна пријателка со која заедно одат на шопинг пијат кафе Сузана Турунџева и приреди вистинско изненадување ...
- Advertisement -