fbpx
6.8 C
Skopje

Пендаровски: Секое прекројување на гранците на Балканот ќе донесе дестабилизација на регионот

АКТУЕЛНО

На ниту една од средбите кои сум ги имал со претседателот на Словенија Борут Пахор во изминатиот период, не е разговарано за прекројување на внатрешните или надворешните граници на Балканот – дециден е претседател Стево Пендаровски.

Секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот и секоја таква идеја нема да наиде на поддршка од Европската унија, вели претседателот Стево Пендаровски за наводниот нон-пејпер што словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку други дестинации во ЕУ под наслов „Западен Балкан-патот напред“.

Шефот на државата во изјава за „Трилинг“ на ТВ24, истакнува дека независно од тоа дали постои таков документ или не, неговиот став е одамна познат и многу пати кажуван, а тој е дека секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот.

– Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство – наведува Пендаровски.

Тој тврди и дека никогаш не разговарал со претседателот на Словенија Борут Пахор за прекројување на границите на Балканот.

– На ниту една од средбите кои сум ги имал со претседателот на Словенија Борут Пахор во изминатиот период, не е разговарано за прекројување на внатрешните или надворешните граници на Балканот – дециден е претседател Стево Пендаровски.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, пак, по обелоденувањето на информациите за нон-пејперот во медиумите, демантираше дека изработил таков документ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -