Трета седница на советот: На почетокот го повикавме министерот за здравство Венко Филипче да реферира за најновата ситуација и вестите се позитивни во тој дел. Ја опфати целата ситуација, не само на подрачјата на Центар Жупа и Дебар. Заклучокот за таму каде што има кризна состојба е дека има извонредна соработка на терен меѓу институциите, како и со локалната самоуправа.
Заклучокот на советот за безбедност во она што го изнесе министерот за здравство за ширење на болеста, е дека поставеноста на држават во овој момент е адекватна, а за тоа зборуваат и коментарите на СЗО кој тврдат дека ние сме држава која најдоследно ги имплементира мерките кои се дадени од нив.
Ако заклучокот е на советот, ако има потреба, можеме да препорачаме на владата и да прогласи кризна состојба и во други општини освен во овие две. Општ беше заклучокот дека не е потребно со голо декларирање на некакви состојби, какви што се вонредни или кризна состојба на целата држава. Од две причини не треба да избрзуваме: Прва е – нема потреба, сите надлежни институции деноноќно реагираат, второ јасно е дека кризата ќе трае, нема да замине за недела или две, по овој повод ќе упатам апел до граѓаните да ги почитуваат стрикно сите мерки кои се предложени и кои се достапни до сите нив преку средствата за јавно информирање. Тоа е потврдено насегде околу светот дека е најдобриот начин за да се избориме против ширењето на болеста. Упатувам апел до нашите државјани кои работат во другите држави, а над 150 се зафатени со овој вирус, без голема потреба да не се враќаат тука бидејќи ситуацијата е таква каква што е. Секој трансфер може да ги донесе да бидат во контакт со лица кои го носат со себе овој вирус, а тоа носи ризик и за негово ширење.
Пендаровски исткана дека ќе се состануваат секојдневно, во цела функција е кризниот штаб, оперативниот комитет за управување со кризи, но и советот за безбедност кое препорачува мерки до владата.
Од она што го слушнав од премиерот Спасовски, вечерва владата ќе одржи итна седница со која ќе донесат нови мерки.