22 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

Пендаровски заминува кај Вучиќ: Ќе биде примен со највисоки државни и воени почести

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Во петок, 22 ноември 2019 година, во Палата Србија во Белград, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок меѓу делегациите на Република Северна Македонија и на Република Србија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, и со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ.

Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж и стопанственици од Република Србија.

Во сабота, 23 ноември 2019 година, претседателот Пендаровски во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците”, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Latest Posts

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.