Денеска се навршуваат 89 години од херојската саможртва на македонската Шарлот Корде. Денеска завршија 89 години од убиството врз српскиот обвинител В. Прелиќ од страна на Мара Бунева по што таа се самоубила.
На 13 јануари 1928 година Мара Бунева во центарот на Скопје, го застрелува В. Прелиќ – српски службеник и обвинител во процесот против Македонската младинска тајна револуционерна организација од 1927 година кој претходно е осуден на смрт од организацијата. По убиството, Бунева го прави најголемиот грев во христијанството и се застрелува за организацијата.
„Мара Бунева е тетовчанката со лавовско срце, која пред 89 години го казни српскиот тиран полковник Прелич за маките кои ги трпеа младите македонски интелектуалци од студентскиот процес. Нивната вина била што сакале Свободна и Независима Македонија. Чкатров, Ѓузелов, Шопов, Андреев и другите од процесот преживеале нечовечки маки, а како што судбината знае да биде иронична, во тешки маки, после два дена од изтрелите крај Вардар умрел и нивниот џелат Прелич. Бунева е светлината која блеска од оној жар наречен СВОБОДА ИЛИ СМЪРТ која од кејот на Вардар ќе се пресели во срцето на секој ВМРО-вец. Затоа и до денеска нејзината смелост и саможртва се памети и одбележува од Охрид до Црното море, секаде каде што е жива идејата на ВМРО. Богослужбата за помен на Мара Бунева ќе се одржи во црквата Св. Димитрија – Скопје, со почеток во 12:00 часот. Навистина е жално што во проектот Скопје 2014 се најде место за споменици на Цар Душан, Прометеј и други, а Мара Бунева остана заборавена“, изјави за „Поглед.мк“, претседателот на МБП, Петар Колев.