fbpx
13.8 C
Skopje

Петар Колев распали по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Во Европа нема да видите автобуси, сендивичи и илјадници евра потрошени „на ветер“

АКТУЕЛНО

Се надевам еден ден моите сограѓани ќе сфатат дека партиите не произведуваат ништо и средствата кои ги користат за митинзите, протестите и трибините се средства или од буџетот т.е. нивните даноци или влегле во партиските каси преку „мала врата“.

Сметам дека во нашата земја има многу поважни прашања кои имаат потреба од финансирање а не еднодневните екскурзии до Скопје и Штип!
Се додека не го осознаеме тој момент се дотогаш ќе собираме средства преку СМС пораки и други акции за фундаментални прашања, вклучително и за здравјето на најмилите.

Не знам колку од нашите лидери имале можност да ги следат изборните кампањи во западно европските земји, но таму сигурно нема да видат автобуси, сендвичи и илјадници евра потрошени „на ветер“.
Европа не е само лозунзи и пораки, Европа е вредности и приоритети.

Можете слободно да ја споредите кампањата на Меркел за да ме разберете конкретно за што ви зборувам.

 

 

Се надевам еден ден моите сограѓани ќе сфатат дека партиите не произведуваат ништо и средствата кои ги користат за…

Posted by Petar Kolev on Sunday, September 16, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -