fbpx
21.8 C
Skopje

ПЕТАР КОЛЕВ: УСПЕАВМЕ ДОСТОЈНО ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ПОЗИЦИИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА НА ТРИДНЕВНАТА СЕСИЈА ОД ЕВРОПСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ И РЕФОРМАТОРИ ВО СОФИЈА

АКТУЕЛНО

Мислам дека успеавме достојно да ја претставиме и да ги заштитиме позициите на нашата земја на тридневната сесија на Европските конзервативци и реформатори-ЕКР. Република Македонија заслужува иднина, заслужува да го продолжи својот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ. Во тој тежок и полн со предизвици пат секој еден политичар потребно е да го вложи својот капацитет до максимум.
Тоа е така не само поради фактот дека знамето на нашата татковина треба да се вее до знамињата на останатите безбедни и развиени земји од Западот, тоа е така затоа што и нашите граѓани очекуваат реални промени и реформи во нашето општество.
Секој еден од нас сака да живее во Македонија која ќе биде безбедна, економски просперитетна и успешна. Но тоа нема како да се случи без имплементација на европските вредности во сите сфери на општествениот живот.
Нема како да имаме безбедност ако немаме владеење на правото, независно правосудство и безбедносни служби кои ќе бидат професионални, а не да се користат за пресметка со неистомислениците.
Нема како да имаме економски раст, силно здравство, ако не го модернизираме и европеизираме нашето образование. Ако не одделуваме повеќе средства за здравство, ќе се лекуваме со стари технологии, а лекарите и медицинскиот персонал ќе изберат иднина во некои од европските земји. Тоа нема да го постигнеме со патните трошоци на пратениците кои сѐ уште се истите и за жал за тоа сите сложно молчат. Нема да го постигнеме и со оваа администрација која е нереформирана и секој ден се „дуе“ со нови партиски капацитети.
Тешко ќе ни оди целиот овој процес, затоа што многумина заборавија за паролата НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, но ние ја паметиме и немаме друга алтернатива освен да ја реализираме. Некој треба да се спротистави, но одговорно и конструктивно на сите грешки и небулози кои се случуваат во нашата земја. Но не со плукање по амбасади и рушејќи ги позициите на земјата на меѓународни форуми. Нека нашите внатрешни проблеми ги решаваме дома и одговорно, а кога сме надвор како еден да работиме за нашиот успех.
Бидејки се работи за иднината на нашата татковина Република Македонија и идните поколенија кои доаѓаат после нас!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -