fbpx
24.8 C
Skopje

Петкоски: Некој ги деградира и брка од земјата вистинските уметници

АКТУЕЛНО

Ништо не видовме од динамичната културна програма која се најавуваше, се изнагледавме само скандалозни одлуки. Пред најавената реконструкција на Владата го прашувам министерот за култура, Алаѓозовски (иако мислам дека нема да раководи со Министерството за култура во новата влада), и членовите на комисиите ќе сносат одговорност за најскандалозната програма досега и за делењето на државни пари не врз основа на вредности, туку политички, а деловно.

Се делеа сретства од буџетот на оние кои не побарале, на здруженија формирани по конкурсот, а најсрамното е дека членовите сами си поделија средства за свои проекти. Ова е школски пример за „судир на интереси“ кој се разбира, е невидлив само за министерот, неговиот кабинет, неговите советници неговите…
Не смее да се премолчи деградирњето и обезличувањето на вистинските македонски уметници. Жално и крајно неприфатливо е да се фаворизираат непознати имиња, а вистинските професионалци да не добијат никаква поддршка од државата. Па зарем не бевте вие кои се боревте партијата да се оддели од државата, за на крај на партиски луѓе да (си) ги поделат парите и тоа на непознати имиња.

Министерот рече дека доколку има индиции за неправилности во процесот на аплицирање и одлучување, или доколку одредени личности или субјекти учествувале во непотизам, корупција, клиентелизам или други незаконски практики, Министерството е подготвено веднаш да ги преиспита тие случаи. Министре Ве прашувам и Вас, што се случи со вашето истражување? Програмата Ви е полна со пикантерии! Сте повлекле 10 проекти, а приговорите уште ги разгледувате. Годинава ќе заврши, кај и да е ќе стигнеме до половина од 2018-та, а вие не поддржавте ништо што навистина вреди!

Не дека имав преголеми очекувања, но сепак е премногу и понатаму да го промовирате концептот на “културни работници”,”заслужни апологети” и “културни цензори” вгнездени во вашиот кабинет со мотото “дојдоа нашите пет минути”.

Најмалку што можете да се направите е да ги отпуштите сите членовите на комисиите кои одлучуваа за одобрување на парите, поради судир на интереси и да поставите нови.
Ова не смее да се повтори, треба да не убедите дека станува збор за пропуст,а не за концепт. Засега ги изневеривте очекувањата, промовирате неквалитет,без вредносен систем и конкурсни критериуми и целосно се разидовте со транспарентноста за која наводно се залагате како власт!

Генерален секретар на ГДУ Димо Петкоски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -