30 C
Skopje

Петров: Економските мерки на Владата значат помош за 250. 000 работници

АКТУЕЛНО

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Се огласи момчето кое Федерер го удрил со тениско топче во лицето: „Јас чекам 14 години извинување, а Новак е дисвалификуван“

Веста која што деновиве ја подигна јавноста на нозе е дисквалификaцијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен. Да ве потсетиме, српскиот ас случајно ја погоди...

Драстичeeн пад во бројката на новозаболени, но дрaaстично помал број и на тестови

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 24 Куманово 6, Дебар 4, Штип...

Заев: Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните...

Дозволете ми да ви се обратам, не само како Потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, туку и како граѓанин и претприемач, кој како многумина од вас, во моментов ги чувствува економските ефекти на Ковид-19.

Го разбирам вашиот страв. Коронавирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден. Загрижени сте за својата иднина, своите работни мести и своите месечни примања.

Драги претприемачи, знам дека ова е тежок период и за вас. Дел од вас беа приморани да го намалат обемот на работа. Некои мораа привремено и да ги затворат своите компании а бидејќи приливите се намалени, многумина од вас се прашуваат како да ги исплатат платите на своите вработени на крајот од месецот. Ова се неизвесни времиња за сите, но мојата порака до вас денес е следна –не сте сами во ова. Ќе го надминеме ова, заедно.

Владата на Република С. Македонија е свесна за проблемите со кои се соочувате и подготви нов пакет на економски мерки, вреден 200 милион евра, со една јасна цел – да се ублажи економскиот удар од корона вирусот и да им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба.

За да ги зачуваме работните места, Владата предводена од СДСМ, овозможува директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата. Со оваа мерка се таргетирани 35,000 компании, односно 50% од сите компании во државата. Би сакал да напоменам дека дури 87% од шифрите на дејност се опфатени со оваа мерка. Ова практично ќе ја покрие целата нето-плата на 75.000 граѓани а на 180,000 граѓани ќе покрива до 75% од нивната нето плата.

Не се заборавени ниту спортските работници вработени во спортските здруженија, како и самостојните уметници . И за нив е обезбедена минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Сите фирми погодени од кризата нема да плаќаат данок на добивка преку месечните аконтации. Кредитите кај банките и штедилниците се одложени од 3 до 6 месеци, а кај финансиските друштва за 3 месеци, но имаме и случај каде многу банки ги одложуваат кредитите и до 6 месеци. Извршителите се одложени за 6 месеци. Во периодот на криза се забранува и одење на компаниите во стечај. Државата ја субвенционира каматата и со тоа нуди ликвидни средства на компаниите со 0% камата во износ од 13,7 милиони евра со 12 месеци грејс период и 3 години рок на отплата. На располагање на фирмите се и евтини кредити од 50 милиони евра со камата од 1% до 1,5% годишно. Казнената камата се намали за 50% (од 0,03% на 0,015%). Законската затезната камата исто така е намалена за 50% (од 10% на 5% за фирми и од 8% на 4% за граѓани).

Граѓаните што останале без работа ќе земаат 50% од просечната плата што ја имале кога биле вработени преку агенцијата за вработување согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (член 68.)

Лицата од неформалната економија кои останале без приходи ќе земаат по 7000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници. Се овозможува и одложување од плаќање на кирии за станови и деловни простори во државна сопственост за 3 месеци за граѓаните и фирмите погодени од кризата.

Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земаат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, претседатели и членови на Советите во општините, а кои се вработени нема да примаат надомест за времетраење на кризата.

Истовремено, Владата веќе донесе одлука за забрана за нови вработувања и нови ангажирања во јавниот сектор. Донесена е и одлука, сите средства од заштеда од непродуктивните трошоци да се пренаменат за справување со здравствено-економската криза

Се формира солидарен фонд за помагање на здравјето на граѓаните и други социјални потреби на граѓаните.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Бугарскиот новинар Крастев: Ќе биде голема грешка ако Бугарија ја блокира соседна Македонија на патот кон ЕУ

Николај Крастев, бугарскиот новинар, долгогодишен дописник од Западен Балкан и аналитичар, смета дека ќе биде голема грешка доколку Бугарија го блокира патот на Македонија...

Мајките на породилно ќе протестираат: Леб и сол ќе јадам, детето во градинка не го пуштам

Мајките на породилно ќе протестираат: „Леб и сол ќе јадам, детето во градинка не го пуштам” Мајките кои се на породилно отсуство в четврток ќе...

Мицкоски протестираше за Гоце Делчев и објави видео од внуката на Гоце (Видео)

Мафијата не е посилна од вистината. Изборот е СДСМ или вистината. Или Македонија, или мафија. Изборот на овој народ е Македонија! Опаметете се! Делчев е...
- Advertisement -