Во одговор на новинарско прашање околу ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за одржување лидерска средба, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, истакна дека сега нема потреба од организирање на лидерска средба, затоа што во овој момент најважно е надминувањето на пандемијата на коронавирусот и решавање на економските последици од неа.
„Ние сметаме дека не е време да се разговара за избори. Има време и ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки со цел да зачуваме повеќе работни места, да помогнеме на поголем број граѓани и да ја победиме оваа криза од коронавирусот“, рече Петров.
Во текот на вчерашното гостување на 360 степени првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ побара од Пендаровски да свика итна лидерска средба на која ќе се разговара за како што рече тоа што следува по оваа криза, како и зошто е потребно т.е која е целта на состанување на парламентот.